Забава, дружење, страст и по некоја драма – тоа нè очекува во најжешкиот месец во годината.
Црвената планета Марс ќе патува низ лав, носејќи ни возбудливи моменти во кои емоциите ќе достигнуваат максимум и страста ќе ни струи низ цело тело. Месецов е идеален за љубовни авантури. Сепак, треба да се спомене дека Марс носи и тензичност и драма, па имајте на ум дека ќе треба да се справувате со лица со „тежок“ карактер и огромно его. Тврдоглавоста ќе ја забележувате почесто од вообичаено.
Во првите три недели од месецов, Сонцето ќе минува низ сензитивниот рак, па ќе ни бидат истакнати емпатијата и желбата за минување на квалитетно време со семејството. Ова е одличен период за фамилијарни веселби кои долго ќе се паметат. Во последната седмица, со Сонцето во лав, ќе се фокусираме на пријателите и забави до рани утрински часови.
Најсилно позитивно влијание во јули ќе почувствуваат РАКОВИТЕ и ЛАВОВИТЕ.
| Датум | Случување |
| 10 јули | ☽ Настапува млада месечина во рак |
| 11 јули | ☿ Меркур влегува во рак |
| 22 јули | ♀ Венера влегува во девица |
| 22 јули | ☉ Сонцето влегува во лав |
| 24 јули | ☽ Настапува полна месечина во водолија |
| 28 јули | ☿ Меркур влегува во лав |
| 28 јули | ♃ Јупитер со ретроградно движење влегува во водолија |
| 29 јули | ♂ Марс влегува во девица |
Табела: најважните датуми за месец јули и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:
