Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ЈАНУАРИ, 2022

Месечен хороскоп – ЈАНУАРИ, 2022

Јануари ќе ни донесе нови почетоци, но и навраќање на стари љубовни проблеми и недовршени проекти.

Младата месечина ќе настапи на 2 јануари и ќе ги зголеми шансите да чуеме добра вест поврзана со кариерата или со машка личност која многу ни значи.

Во текот на цел месец, Венера, планетата на љубовта и хармонијата, ќе се движи ретроградно, носејќи во нашите животи бивши партнери или љубовни несогласувања за кои сме мислеле дека останале во минатото.

Меркур, планетата на комуникацијата, од 14 јануари до 4 февруари ќе се движи ретроградно, па очекувајте одложување на планови поврзани со патувања, конфликти поради недоразбирања и сл. Во втората половина на месецов неопходно е да бидеме повнимателни со важни документи и секоја порака која ја испраќаме да ја препрочитуваме барем по двапати. Ова е добар период да се фокусирате на веќе започнати проекти и да ги расчистите заостанатите обврски.

Најсреќни во првиот месец од годината ќе бидат ЈАРЦИТЕ и ВОДОЛИИТЕ.

Датум Случување
2 јануариМеркур влегува во водолија
2 јануари☽ Настапува млада месечина во јарец
14 јануариМеркур започнува да се движи ретроградно во водолија
18 јануари☽ Настапува полна месечина во рак
18 јануариУран преминува во директно движење во бик
20 јануариСонцето влегува во водолија
24 јануариМарс влегува во јарец
26 јануариМеркур со ретроградно движење влегува во јарец
29 јануариВенера преминува во директно движење во јарец

Табела: најважните датуми за месец јануари и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11090 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.