Во септември ќе го забавиме темпото со кое итаме низ животот, цврсто ќе стоиме со двете нозе на земјата без да се залетуваме кон нереални цели и детално ќе анализираме сè.
Пет планети (Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон) ќе се движат ретроградно, а ним ќе им се придружи и Меркур кон крајот на месецов. Се препорачува да не правиме драстични животни промени и пред донесувањето на важни одлуки, сериозно да размислиме за сите позитивни и негативни страни.
Венера, планетата на љубовта, ќе ја интензивира страста во нашите љубовни животи, а Марс со својот престој во вага во втората половина на месецов ќе внесува голема доза сериозност во љубовните врски.
Најнаградени од небесните тела овој месец ќе бидат ДЕВИЦИТЕ, но и ВАГИТЕ ќе се почувствуваат како вистински среќници.
| Датум | Случување |
| 7 септември | ☽ Настапува млада месечина во девица |
| 10 септември | ♀ Венера влегува во шкорпија |
| 15 септември | ♂ Марс влегува во вага |
| 21 септември | ☽ Настапува полна месечина во риби |
| 22 септември | ☉ Сонцето влегува во вага |
| 27 септември | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во вага |
Табела: најважните датуми за месец септември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:
