Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ОКТОМВРИ, 2023

Месечен хороскоп – ОКТОМВРИ, 2023

Октомври ни носи посакувана динамика и возбудливи промени кај небесните тела. Имено, нè очекуваат две еклипси, а една планета ќе го прекине ретроградното движење.

Венера, планетата на љубовта, ќе нè потсети на важноста на длабоките разговори за интимно и душевно зближување. Време е за романтични вечери на свеќи и разговори кои ќе траат и траат.

Плутон, планетата на трансформацијата, ќе го прекине ретроградното движење и ќе исчезнат пречки кои ни стоеле на патот до исполнувањето на цели поврзани со пари и моќ.

Страсниот Марс ќе ни го зголемува сексапилот и ќе ја подгрева сексуалната хемија, што ќе резултира со многу жешки средби во ладните ноќи.

Првата еклипса доаѓа на 14 октомври. Тогаш ќе има млада месечина и ануларно (прстенесто) затемнување на сонцето, кое ќе ни ги подобри сериозните љубовни врски и ќе создаде услови за почеток на силни љубовни сојузи.

На 28 октомври ќе имаме полна месечина и делумно затемнување на месечината кое ќе ги зафати сферите на пари и сензуалност. Можно е на овој ден да потрошите повеќе одошто ви дозволува буџетот или да искористите златна можност за заработка.

Најсреќни во октомври ќе бидат ВАГИТЕ и ШКОРПИИТЕ.

Датум Случување
5 октомвриМеркур влегува во вага
9 октомвриВенера влегува во девица
11 октомвриПлутон преминува во директно движење во јарец
12 октомвриМарс влегува во шкорпија
14 октомври☽ Настапува млада месечина во вага
22 октомвриМеркур влегува во шкорпија
23 октомвриСонцето влегува во шкорпија
28 октомври☽ Настапува полна месечина во бик

Табела: најважните датуми за месец октомври и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11517 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.