Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – МАЈ, 2022

Месечен хороскоп – МАЈ, 2022

Мај изненадува со раздвижување на планетите и еклипса.

На љубовен план, Венера со своето движење низ овен ќе ни покаже дека љубовта може да биде ултра возбудлива и магична. Импулсивноста ќе превладее, а спонтаноста ќе ни донесе моменти за паметење.

На 11 мај и оптимистичкиот Јупитер ќе започне да патува во огнениот овен. Ќе станеме поамбициозни и подиректни. Нов бран енергија ќе внесе посилна динамика во меѓучовечките односи, а тоа ќе ни делува како позитивно будење од зимски сон.

Од 10 мај Меркур, планетата на комуникацијата, ќе премине во ретроградно движење, па очекувајте недоразбирања, одложени патувања и поместени планови. За да избегнеме непотребни конфликти, важно е да ставиме акцент на толеранцијата и да го „вежбаме“ трпението.

Полната месечина на 16 мај е мошне интересен ден кога ќе има и „крвава месечина“, односно целосно затемнување на месечината. Очекувајте изненадувања кои ќе ви ги ококорат очите.

Друштвените средби ќе ни зачестат по 21 мај, под влијание на Сонцето, па веселоста и позитивниот дух ќе станат „заразни“.

Најсреќни овој месец ќе бидат БИКОВИТЕ и БЛИЗНАЦИТЕ.

Датум Случување
2 мајВенера влегува во овен
10 мајМеркур преминува во ретроградно движење во близнаци
11 мајЈупитер влегува во овен
16 мај☽ Настапува полна месечина во шкорпија (целосно затемнување на месечината)
21 мајСонцето влегува во близнаци
25 мајМарс влегува во овен
28 мајВенера влегува во бик
30 мај☽ Настапува млада месечина во близнаци

Табела: најважните датуми за месец мај и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.