Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – МАРТ, 2022

Месечен хороскоп – МАРТ, 2022

Март ни носи посакувани позитивни промени.

Страсниот тандем Марс-Венера ќе патува низ водолија, носејќи спонтаност на љубовниот фронт. Ќе бидеме поопуштени кога станува збор за флерт игри и формирање на романтични сојузи, а тоа ќе ни носи големи дози на возбуда и еуфорија.

Од 10 до 27 март Меркур, планетата на комуникацијата, ќе се движи низ риби, па ќе можеме да се изразуваме слободно и со леснотија, дури и за нашата емоционална состојба. Ова е одличен период за длабоки разговори со личност со која сакате да се зближите – љубовен партнер или пријател.

Откако на 20 март Сонцето ќе го осветли овен, нè очекува нов бран енергија и поттик да се втурнуваме во авантури.

Најсреќни овој месец ќе бидат РИБИТЕ, но и ОВНИТЕ ќе ја почувствуваат наклонетоста на небесните тела.

Датум Случување
2 март☽ Настапува млада месечина во риби
6 мартМарс влегува во водолија
6 мартВенера влегува во водолија
10 мартМеркур влегува во риби
18 март☽ Настапува полна месечина во девица
20 мартСонцето влегува во овен
27 мартМеркур влегува во овен

Табела: најважните датуми за месец март и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9463 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.