Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ДЕКЕМВРИ, 2023

Месечен хороскоп – ДЕКЕМВРИ, 2023

Време е за возбуда, еуфорија и позитивни промени.

Во декември две планети ќе го прекинат ретроградното движење, а поставеноста на небесните тела ни гарантира посакувани животни трансформации, па задоволни ќе влеземе во 2024 година.

Нептун, планетата на скриените намери, ќе го прекине ретроградното движење на 6 декември, ослободувајќи нé од непотребни и неосновани сомнежи. Конечно ќе си ја вратиме довербата во врските кои ни значат.

Романтичната Венера најголем дел од месецот ќе престојува во шкорпија, поттикнувајќи нé да ги поканиме новитетите во љубовта. Спонтаноста и желбата за нови дози адреналин ќе ни подарат незаборавни романтични и сексуални авантури.

Проблематичен ќе биде само Меркур, кој од 13 декември до 2 јануари 2024 ќе се движи ретроградно и ги зголемува шансите за одложување на патувања и планови, губење на важни документи или непотребни расправии и недоразбирања. Важно е да се наоружаме со трпение, да се организираме посветено и да кроиме подетални планови.

Јупитер, планетата на среќата и богатството, ќе премине во директно движење на последниот ден од 2023, а со тоа ќе ни подари многу успеси и шанси за заработка на почетокот на 2024 година.

Најсреќни во декември ќе бидат СТРЕЛЦИТЕ и ЈАРЦИТЕ.

Датум Случување
1 декемвриМеркур влегува во јарец
4 декемвриВенера влегува во шкорпија
6 декемвриНептун преминува во директно движење во риби
13 декември☽ Настапува млада месечина во стрелец
13 декемвриМеркур преминува во ретроградно движење во јарец
22 декемвриСонцето влегува во јарец
23 декемвриМеркур со ретроградно движење влегува во стрелец
27 декември☽ Настапува полна месечина во рак
29 декемвриВенера влегува во стрелец
31 декемвриЈупитер преминува во директно движење во бик

Табела: најважните датуми за месец декември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.