Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ДЕКЕМВРИ, 2021

Месечен хороскоп – ДЕКЕМВРИ, 2021

Небесните тела ќе ни приредат интересни промени во декември. Последниот месец од годината започнува со целосно затемнување на сонцето (4 декември), па на повидок се изненадувања поврзани со патувања или авантура каква што се случува еднаш во животот.

Нептун ќе го прекине ретроградното движење и ќе увидиме кои личности заслужуваат место до нас и во нашите срца, а кои имаат задни намери.

Марс со престојот во стрелец ќе ни помогне да бидеме похрабри во областа на претприемништвото и едукацијата, а Меркур ќе нè направи попретпазливи со зборовите.

Од 19 декември Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе се движи ретроградно, враќајќи стари љубови и стари љубовни проблеми. Бидете потолерантни и реагирајте посмирено за време на љубовни расправии. Венера ќе нè потсети колку е важно врските да бидат изградени на цврста основа.

Најсреќни овој месец ќе бидат СТРЕЛЦИТЕ и ЈАРЦИТЕ.

Датум Случување
1 декемвриНептун преминува во директно движење во риби
4 декември☽ Настапува млада месечина во стрелец
13 декемвриМарс влегува во стрелец
13 декемвриМеркур влегува во јарец
19 декември☽ Настапува полна месечина во близнаци
19 декемвриВенера преминува во ретроградно движење во јарец
21 декемвриСонцето влегува во јарец
29 декемвриЈупитер влегува во риби

Табела: најважните датуми за месец декември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.