Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ДЕКЕМВРИ, 2020

Месечен хороскоп – ДЕКЕМВРИ, 2020

Декември ни носи впечатлив крај на најнеобичната година во нашите животи.

Во првата половина од месецов, ќе владее енергијата на стрелецот, па ќе бидеме желни за новитети и експериментирање. Ќе обожаваме да ги стимулираме сите сетила. Веројатно нема да можеме да го скротиме копнежот по патувања и авантури, но иако нема да можеме да одиме далеку од дома, ќе наоѓаме начини за да го задоволиме авантуристот во нас во нашето место на живеење.

Сатурн и Јупитер ќе патуваат заедно, што се случува многу ретко. До 17 декември планетата-учител и планетата на среќата ќе престојуваат во јарец, насочувајќи го нашиот поглед кон иднината. Сите колективно ќе се надеваме на подобри времиња кога пандемијата повеќе нема да ни го нарушува нормалниот тек на животот.

Месецов нè очекува несекојдневен настан – блиска средба на Сатурн и Јупитер. На 21 декември двете планети ќе бидат особено блиску една до друга, што се нарекува „Големата конјукција“. Ќе има идеални услови за иновации, паметно користење на технологијата и иницијативи за хуманитарни активности.

На претпоследниот ден од годината, ќе настапи полна месечина во рак, будејќи ја сентименталноста во нас и покажувајќи ни колку е важно семејството.

Непосредно пред Новата година, Месечината ќе премине во лав, па славеничкото расположение ќе доминира.

На самиот крај на 2020 година, најсреќни ќе бидат СТРЕЛЦИТЕ и ЈАРЦИТЕ.

Датум Случување
1 декемвриМеркур влегува во стрелец
14 декември☽ Настапува млада месечина во стрелец
15 декемвриВенера влегува во стрелец
17 декемвриСатурн влегува во водолија
19 декемвриЈупитер влегува во водолија
21 декемвриМеркур влегува во јарец
21 декемвриСонцето влегува во јарец
30 декември☽ Настапува полна месечина во рак

Табела: најважните датуми за месец декември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8876 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.