Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2023

Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2023

Април ќе ни ги разубави животите со позитивни промени. Некои од нив ќе бидат очекувани, но други ќе дојдат ненадејно и ќе нè изненадат многу пријатно.

Венера ќе го помине месецот во близнаци и ќе отвори простор за искрени разговори кои ќе ни го исполнуваат срцето и ќе нè поврзуваат. Љубовната планета ќе ни донесе флерт игри кои ќе ни разлетуваат пеперутки во стомакот.

Младата месечина на 20 април ќе дојде заедно со целосно затемнување на Сонцето. Еклипсите значат пресврти и нови почетоци. Очекувајте го неочекуваното.

Проблематичен ќе биде само Меркур. На 21 април оваа планета на комуникацијата ќе започне да се движи ретроградно, па препорачливо е внимателно да ги избираме зборовите во последните десет дена од месецот. Недоразбирањата ќе зачестат, но мора да научиме да бидеме потрпеливи и да броиме најмалку до 5 пред да избувнеме.

Најсреќни во април ќе бидат ОВНИТЕ и БИКОВИТЕ.

Датум Случување
3 априлМеркур влегува во бик
6 април☽ Настапува полна месечина во вага
11 априлВенера влегува во близнаци
20 април☽ Настапува млада месечина во овен
20 априлСонцето влегува во бик
21 априлМеркур преминува во ретроградно движење во бик

Табела: најважните датуми за месец април и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.