Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2021

Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2021

Отвораме ново поглавје! Со Сонцето во овен, започнува нова астролошка година и имаме идеални услови за свежи почетоци. Смело газете на нови терени, нема да зажалите.

Младата месечина, која ќе настапи на 12 април, ќе ни донесе љубовни, деловни и семејни новости кои ќе ни се врежат во срцето. Многумина ќе влезат во врска со огромен потенцијал.

Во првата половина од месецот, Венера ќе нè направи поголеми авантуристи во љубовта. Импулсивноста ќе нè води до страста. Во втората половина на април, ќе бидеме поприземни и ќе ја преферираме стабилноста, па ќе бидеме попретпазливи на љубовно поле.

Марс ќе ни даде храброст послободно да се изразуваме, но не треба да забораваме дека зборовите знаат и да болат и да „рушат“ доверба. Особено треба да внимаваме што зборуваме околу 10-11 април, поради неповолната поставеност на Марс и Нептун. Не кажувајте што било пред да се наоружате со факти и солидни аргументи.

Најсреќни во април ќе бидат ОВНИТЕ и БИКОВИТЕ.

Датум Случување
4 априлМеркур влегува во овен
12 април☽ Настапува млада месечина во овен
14 априлВенера влегува во бик
19 априлМеркур влегува во бик
19 априлСонцето влегува во бик
23 априлМарс влегува во рак
27 април☽ Настапува полна месечина во шкорпија
27 априлПлутон преминува во ретроградно движење во јарец

Табела: најважните датуми за месец април и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.