Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – АВГУСТ, 2022

Месечен хороскоп – АВГУСТ, 2022

Август ќе нè поттикне да се стремиме кон неизбежни промени. Во сезоната на лавовите, нема да трпиме статус кво и ќе сакаме новитети на сите полиња во животот.

Сонцето ќе нè мотивира да водиме динамичен живот, да не се плашиме од авантури и да ѝ дозволиме на импулсивноста да нè води. Многумина на крајот на годината ќе кажат дека август им бил највозбудлив период.

Романтичната Венера од 11 август ќе патува низ лав, носејќи ни страст и разгорување на љубовни искри. Подгответе се за жешки бакнежи, интимни игри за паметење и еуфорични чувства кои ќе сакате да ги зачувате засекогаш.

Полната месечина на 12 август ќе роди кратки, но многу слатки љубовни авантури.

Под влијание на Марс, до 20 август ќе бидеме склони да работиме дисциплинирано и да реагираме приземно на работното место. Многу конфликти ќе исчезнат целосно.

Во последната недела од месецот, ќе зацаруваат девиците и ќе го истакнат перфекционистот кој се крие во нас.

Најсреќни овој месец ќе бидат ЛАВОВИТЕ и ДЕВИЦИТЕ.

Датум Случување
4 августМеркур влегува во девица
11 августВенера влегува во лав
12 август☽ Настапува полна месечина во водолија
20 августМарс влегува во близнаци
23 августСонцето влегува во девица
24 августУран преминува во ретроградно движење во бик
26 августМеркур влегува во вага
27 август☽ Настапува млада месечина во девица

Табела: најважните датуми за месец август и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.