Почетна » Забава » Видео » Преслатко: Бебе ја прекинува мајка си додека ја презентира временската прогноза на ТВ во живо од дома

Преслатко: Бебе ја прекинува мајка си додека ја презентира временската прогноза на ТВ во живо од дома

Не е лесно да се работи од дома со мало дете. Лесли Лопез добро го знае тоа.

Мајката, која е метеоролог и ја презентира временската прогноза од нејзиниот дом, стана вирален хит со видео во кое ненадејно се појавува нејзиното бебе. Додека Лесли ја презентирала временската прогноза на ТВ во живо, во кадар се појавило нејзиното 10-месечно синче Нолан, кое неодамна научило да оди.

„Тој оди сега, па ја изгубив контролата“ – шеговито вели Лесли.

Многумина ѝ се заблагодарија на Лесли што покажа како изгледа реалноста за многу луѓе во моментов.

„Ги обожавам овие човечки моменти кои во моментов ги гледаме. Луѓето ја тргнаа настрана гордоста и не дозволуваат тешкотиите да ги поразат“.

„Реални луѓе со реални животи на ТВ“.

„Таа се справи со ситуацијата толку грациозно. Преслатко“.

„Ги обожавам реалните човечки моменти кои ги гледаме поради пандемијата“.

„Мајка која има 2 работи со полно работно време“ – ова се само дел од коментарите на Instagram.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.