Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Спасувањето на слепото куче Фиона кое ќе ви го стопли срцето

ВИДЕО: Спасувањето на слепото куче Фиона кое ќе ви го стопли срцето

Приказната за спасувањето на слепото куче Фиона стопли многу срца и предизвика многу солзи низ светот. Видеото кое стана интернет хит ја покажува неверојатната трансформација на Фиона од напуштено, валкано и слепо во среќно куче со делумно обновен вид.

Видео-приказната беше направена од Елдад и Одри Хагар, брачен пар кој од својот стан води непрофитабилна организација за спасување на животни, кои ја пронашле Фиона пред една година. „Таа беше толку немоќна“ – изјавил Елдад.

Тие веднаш сфатиле дека трауматизираната Фиона е слепа, но без двоумење ја зеле во својот дом, каде почнале со нејзина нега. Откако ја исчистиле и ѝ ги отстраниле болвите, започнале кампања за да соберат пари за операција на едното око на Фиона. Благодарение на донации, кучето ја добило потребната операција која делумно му го вратило видот.

Видеото ја покажува и „новата“ среќна Фиона која ја изразува својата среќа со мрдање на опашката. На крајот, Фиона среќно си игра со новите сопственици Мишел и Крис Џентрај.

„Фиона ќе имаше мизерна смрт таму, но сега таа е среќна“ – изјавил Елдад, кој се надева дека поради ваквите приказни луѓето ќе си го променат однесувањето кон напуштените кучиња.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9511 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.