Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Реакција на посвоено девојче кое дознава дека ќе добие сестричка

ВИДЕО: Реакција на посвоено девојче кое дознава дека ќе добие сестричка

Понекогаш најдобрите подароци се оние кои најмалку ги очекуваме.

Малечката Медисон отсекогаш сакала помала сестра, а за 4. роденден нејзината голема желба станала реалност. Во видеото, родителите ѝ ја соопштуваат среќната вест дека ќе посвојат бебе.

Пред две години Медисон се молела в црква за да добие сестричка или братче. „Знаев дека ќе сторам сè што е во моја моќ да се вратам во Кина и да посвојам повторно“ – изјавила мајката Кетрин Пек за Today.

Погледнете ја позитивната реакција на 4-годишното посвоено девојче, кога мајка ѝ ќе ѝ покаже фотографија од сестричката која ќе ја посвојат.

Среќните родители го објавија видеото со цел да инспирираат други луѓе да посвојуваат и се одушевени што изнудуваат насмевки и солзи радосници.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.