Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Креативен предлог за брак стана интернет хит

ВИДЕО: Креативен предлог за брак стана интернет хит

Песната „Marry You“ од Бруно Марс инспирира многу запросувања, но предлогот за брак на Исак Лемб е можеби најдобриот со оваа „свадбена химна“.

Пред четири дена Исак ја изненадил својата девојка Ејми Френкел со предлог за брак кој вклучувал 60 од нивните пријатели и роднини.

Креативниот иден младоженец ја повикал својата сакана пред куќата на своите родители, каде што ја пречекал неговиот брат. Во видеото може да се види како Ејми седнува во багажникот на автомобил и додека возилото се движи по улица, пред очите на среќната девојка се одвива вистинска претстава со познати ликови кои танцуваат и безгласно пеат.

Погледнете го предлогот за брак кој досега има над 1,2 милиони прегледувања само на YouTube.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11055 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.