Почетна » Новости » Занимливости » Неверојатна трансформација: Девојка ослабе 80 килограми, сега инспирира на Instagram

Неверојатна трансформација: Девојка ослабе 80 килограми, сега инспирира на Instagram

Џесика Беникез има само 21 година, а веќе одамна се бори со вишокот килограми. Таа успеа да го трансформира своето тело и да ослаби околу 80 килограми за 19 месеци.

A post shared by Jessica (@getfitwjessica) on

A post shared by Jessica (@getfitwjessica) on

Нејзината тежина од околу 145 килограми ѝ претставувала вистински проблем при прифаќањето на сопственото тело и стекнувањето на чувство на припадност во општеството. И покрај прекумерната тежина, Џесика вели дека не го мразела својот живот бидејќи сѐ уште имала пријатели со кои можела да се забавува. Сепак, таа објаснува дека често се чувствувала очајно и ужасно незадоволно со нејзиниот изглед.

Најголемиот проблем било тоа како да се почне и како да се воведат промени во начинот на исхрана и живеење. Џесика била опседната со брза храна, а од нејзината трпеза потполно отсуствувал зеленчукот. Наскоро одлучила да престане само да се жали поради вишокот килограми и нешто да преземе. Ја заплашувал високиот крвен притисок и желбата постојано да лежи, па затоа решила да се посвети на своето здравје.

Нејзина мотивациска мантра станала мислата „Ништо нема да се смени ако ништо не се смени“.

Својата трансформација решила да ја сподели со светот и затоа го направила својот профил на Instagram. Кон крајот на февруари минатата година, за првпат го намалила дневниот калориски внес на 1500 калории. Наместо да нарачува брза храна започнала да си подготвува здрави оброци, да пешачи и да вежба. Времетраењето и интензитетот на вежбите го зголемувала со тек на време, па така сега вежба и подолго од два часа, секој ден.

„Во моментот кога ќе помислите дека сакате да ослабете, станате и преземете нешто во врска со тоа“ вели Џесика и додава „знам дека ќе сакате да се откажете, но ништо спектакуларно не може да се постигне без да се преминат многу пречки“.

Денес, Џесика има 194 илјади следбеници на Instagram, со кои го споделува својот успех и со секоја своја објава се обидува да ги мотивира оние кои поминуваат низ сличен процес. „Не беше лесно да стигнам до ова што сум денес. Имаше и сѐ уште има пречки на патот, но тоа е факт со кој морам да се справам. Не си дозволив себеси да се откажам и сѐ што досега вложив вредеше за резултатот. Вие морате сами да ја направите одлуката и сами да се изборите за целта“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.