Почетна » Новости » Занимливости » 22-годишно момче кое тежело 145 кг ја преполови својата тежина и изгледа непрепознатливо

22-годишно момче кое тежело 145 кг ја преполови својата тежина и изгледа непрепознатливо

Момче, кое тежело 145 килограми, успеа да „стопи“ половина од својата тежина и сега изгледа непрепознатливо.

Остин Шифлет Остин Шифлет

Остин Шифлет од Вирџинија некогаш бил нарекуван „дебелко“ од своите врсници и постојно бил малтретиран поради прекумерната тежина. Тој толку многу мразел да оди на училиштето што постојано барал начини како да го избркаат од часови.

„На училиште ми беше ужасно. Воопшто не сакав да бидам покрај луѓе. Тоа влијаеше и на моето образование и заостанав зад другите. Тогаш започна и малтретирањето. Беше вербално, луѓето ми викаа дебелко секој ден на часовите по физичко и тоа ме прогонуваше“ – рекол Остин. „Се чувствував многу лошо, сметам дека тие не сфаќаат каков ефект има тој прекар кај мене и како се чувствував“ – додал тој.

Сепак, и покрај лошата исхрана, Остин не ни помислувал дека ќе достигне толку голема бројка на вагата. „Не ми се веруваше, мислев дека е расипана. Не можев да поверувам дека е точна“ – рекол 22-годишниот Американец, коментирајќи ја својата тежина од над 140 килограми.

Откако неговата баба му ја препорачала Аткинсовата диета, започнала трансформацијата на Шифлер.

Остин Шифлет Остин Шифлет Остин Шифлет

Со помош на новиот начин на исхрана и редовна физичка активност, Остин успеал да намали неверојатни 75 килограми за околу една година, а тоа целосно му го променило животот.

„Започнав да одам во фитнес сала доцна навечер за да не ме гледа никој. Ми беа потребни 10 месеци за да намалам 70 кг. Слабеењето ми го промени животот на многу начини. Порано бев многу срамежлив и ми помогна да си ја зголемам самодовербата. Ми помогна и да започнам да одам на љубовни состаноци со девојки. Порано тие не ни помислуваа да разговараат со мене. Сега некои од лицата кои ме малтретираа ме прашуваат за совети, тоа е една од најдобрите работи“ – рекол тој.

Остин Шифлет Остин Шифлет Остин Шифлет Остин Шифлет Остин Шифлет

Остин сега има нов проблем – вишок кожа на стомакот поради големата трансформација. Тој сега собира средства за операција и им советува на сите кои сакаат да ослабат да бидат упорни, трпеливи и да не го чекаат „понеделник“ за да го променат својот начин на живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11124 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.