Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Сонце мое, ти си моја сила и спокој“: Марија Шерифовиќ се гушкаше со синчето Марио за Денот на мајката

„Сонце мое, ти си моја сила и спокој“: Марија Шерифовиќ се гушкаше со синчето Марио за Денот на мајката

Марија Шерифовиќ со слатка фотографија го одбележа Денот на мајката.

На неа, 40-годишната српска пејачка се гушка со синчето Марио кое го доби во декември 2023 година со помош на сурогат-мајка. Марија напиша и порака во која вели дека најисполнета би била кога луѓето би ја запаметиле како мајка на Марио.

Марија Шерифовиќ

Еве го нејзиниот пост:

Кога пред 20 години тргнав по овој пат, ме знаеја како ќерка на Верица Шерифовиќ. Изгледа дека направив нешто добро, па таа денес е горда мајка на Марија Шерифовиќ.

Кога ќе размислам за мојот живот, за сè што помина и за сè што ме чека, покрај сите мои професионални успеси, награди, аплаузи – сè за што сум благодарна, сепак, ако можев да избирам, можеби мојата душа би била најисполнета кога би останала запаметена како мајка на Марио Шерифовиќ.

Сонце мое, ти си мојата сила, мојот мал мек мотор кој ми дава сила за сите овие денови и мој спокој на кој му се враќам.

Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ

По објавувањето на веста дека стана мајка во 2023 година, Марија сподели дека со години се обидувала да добие свое дете и дека имала неуспешни обиди сама да износи бебе.

Марија Шерифовиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.