По цели 12 години борба со неплодност, 32-годишна Србинка конечно стана мајка – и тоа не на едно, туку на три бебенца одеднаш.
Радосната вест доаѓа од болницата „Плодност“ во Битола, каде благодарение на д-р Таше Трпчевски и неговиот тим, се случи ова медицинско чудо – без ин витро оплодување, само со индивидуализирана и конзервативна терапија.

Пациентката пристигнала во „Плодност“ со дијагноза примарна неплодност, откако долги 12 години безуспешно се обидувала да зачне. Тимот пристапил со целосно персонализиран третман, прилагоден според нејзините потреби и хормонален статус и без инвазивни методи.
Оплодувањето се случило од првиот обид – успешна бременост со тројка: две момчиња и едно девојче. Мајката се породила во 35-тата гестациска недела и сите три бебиња се во одлична здравствена состојба.
Бебињата се родиле со тежина од 2.500, 2.340 и 2.100 грама.