Почетна » Новости » Животни стории » Љубов кон децата како мотивација: Мајка ослабе 63 кг, зашто дебелината ја спречувала да им чита на ќерките

Љубов кон децата како мотивација: Мајка ослабе 63 кг, зашто дебелината ја спречувала да им чита на ќерките

Мајка тешка 146 килограми ја искористи љубовта кон своите деца за значително да ја намали својата телесна тежина.

Џо Перкс одлучила да го трансформира своето тело откако сфатила дека поради дебелината честопати останува без здив додека им чита на двете ќерки. 31-годишната Британка сметала дека читањето приказни е една од ретките активности во кои тежината не ѝ попречувала за да поминува квалитетно време со децата. Но, реалноста била поинаква.

Џо Перкс Џо Перкс

„Девојчињата ги обожаваа нивните приказни. Сите седнувавме на кревет заедно и читавме. Тоа беше единственото нешто кое чувствував дека можам да го правам и покрај мојата големина. Кога започнав да се мачам за да ја завршам страницата без да ми снема здив или да се закашлам, бев многу засрамена. Излегував од собата со солзи“ – рекла Џо.

„Сопругот гледаше дека се мачам и ќе продолжеше со приказната, но тоа правеше да се чувствувам уште понеспособна и засрамена“ – додала таа.

Џо отсекогаш имала вишок килограми, но својот максимум го достигнала по раѓањето на втората ќерка на 29-годишна возраст, кога тежела 146 килограми. Таа не можела да си игра со ќерките и најчесто седела настрана кога тие ќе се забавувале во парк или на базен.

Џо Перкс Џо Перкс Џо Перкс Џо Перкс

Желна за промени, инспиративната жена започнала диета од која намалила 12 килограми во првиот месец, што ја мотивирало да продолжи понатаму. Како што минувале месеците, читањето станувало сè полесно и полесно, а Џо започнала да им се придружува на ќерките и во игрите.

Џо Перкс Џо Перкс Џо Перкс

„Можев лесно да ја дочитам страницата, дури и можев да создавам будалести гласови и гестикулации, па девојчињата се смееја и кикотеа. Тие го обожаваат тоа“ – вели Џо.

„Животот ми се промени, а и животот на моите ќерки, кои никогаш претходно немаа мајка што може да си игра со нив“ – додава таа.

Џо Перкс Џо Перкс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.