Со синоќешната премиера на „Leave One Day“ беше одбележан почетокот на 78-мото издание на Канскиот филмски фестивал.
Покрај филмската екипа на „Leave One Day“, на црвениот тепих прошетаа и бројни холивудски имиња и големи модни ѕвезди. Поради бројни провокативни аутфити од претходните години, Канскиот филмски фестивал објави дека годинава се забрануваат разголени фустани и волуменозни креации со долги „опашки“. Дел од гостите ја почитуваа оваа одлука, но дел си продолжија со своите веќе избрани стајлинзи за свеченоста.
Ирина Шајк својот изглед ѝ го довери на модната куќа Armani, Хали Бери во последен момент го промени својот моден избор и се појави во креација од Jacquemus, Бела Хадид го истакна своето витко тело во фустан со шлиц од Saint Laurent, а Алесандра Амбросио заблеска во смарагдно-зелена креација од Zuhair Murad.
Погледнете како изгледаа славните гости на свеченото отворање:
Бела Хадид во Saint Laurent
Ирина Шајк во Giorgio Armani
Изабели Фонтана во Nicolas Jebran
Хали Бери во Jacquemus
Шанина Шајк во Sophie Couture
Алесандра Амбросио во Zuhair Murad
Хајди Клум во Elie Saab
Џулиет Бинош во Dior
Ева Лонгорија во Tamara Ralph
Џулија Гарнер во Gucci
Паула Турани во Tony Ward
Бирџе Акалај
Квентин и Даниела Тарантино
Роберт де Ниро и Тифани Чен
