Зошто да купите NoFrost side by side фрижидер од Gorenje со инвертер мотор?
Почетна » Новости » Занимливости » Зошто да купите NoFrost side by side фрижидер од Gorenje со инвертер мотор?

Зошто да купите NoFrost side by side фрижидер од Gorenje со инвертер мотор?

Фрижидерот одамна стана неизбежен дел од секој дом. Тој ви помага да го чувате путерот на вистинска температура, совршено го лади шишето од вашето омилено бело вино и го чува вашиот зеленчук свеж и крцкав подолг временски период. Совршен фрижидер е оној што со напредните опции ќе одговори на темпото што ни го диктира современиот начин на живот и во исто време со својот дизајн ќе го унапреди нашиот животен простор. Токму таков тип на фрижидер се новите NoFrost Side by side комбинирани фрижидери од Gorenje - пространи, опремени со современа технологија и модерен дизајн кој зрачи со елеганција.

Но, ако планирате да купите нов фрижидер, сигурно ќе наидете на терминот „инвертер мотор“. Ви звучи многу технички, но што всушност е инвертер мотор и дали навистина ви е потребно?

Моторот е дел од фрижидерот кој го претвора ладилното средство од гасовита во течна состојба. Toj работи според температурата во фрижидерот: работи со полна брзина кога е потребно да се лади и целосно престанува кога температурата е доволно ниска. Сепак, инвертер моторот започнува да работи полека, потоа ја зголемува брзината и како што се постигнува посакуваната температура, повторно ја намалува брзината доволно за одржување на температурата.

NoFrost Side by side комбинирани фрижидери од Gorenje

Во споредба со стандардниот мотор, инвертер моторот има неколку предности:

  • Енергетска ефикасност. За разлика од стандардниот мотор, инвертер моторот работи поконзистентно и со контролирани брзини, што значи дека користи значително помалку енергија.
  • Долготрајност. Моторите најмногу се трошат за време на стартувањето. Инвертер моторот стартува полека, со што се намалува шансата за неуспех.
  • Свежина. Поради тоа што инвертер моторот не застанува целосно, туку само успорува, температурата во фрижидерот е поконстантна, што овозможува подобри услови за складирање на вашата храна.
  • Тивко работење. Поради постојаното работење, инвертер моторот, исто така, произведува помалку бучава.

Но тука не е крајот на напредните технологии во двовратните фрижидери од Gorenje кои се создадени за да го поедностават вашиот живот. Овие Side by side фрижидери можат да се пофалат со NoFrost Plus технологија, најнов систем на ладење на пазарот што се наоѓа во замрзнувачот, кој го спречува насобирањето мраз. Како резултат на тоа, нема да морате да го одмрзнувате замрзнувачот, пакетите или парчињата замрзната храна нема да се лепат еден за друг и нема да има вишок мраз, што ќе помогне вашиот замрзнувач да биде уреден и функционален.

NoFrost Side by side фрижидерите од Gorenje со инвертер мотор, конкретно Gorenje NRS9181VXB, не само што има пространа внатрешност и ви дава напредна контрола преку голем и јасен ЛЕД дисплеј на кој може да се активираат бројни „паметни“ функции со едноставен допир, има и ледомат со диспанзер за вода кој ќе ви овозможи во секое време да уживате во ладна вода, кршен лед или коцки лед без да го поврзете ладилникот со довод на вода. Неминовно е да се напомене и многу корисната мала врата на главната врата на ладилникот (HomeBar) која овозможува брзо да пристапите до полицата со пијалаци и закуски без да ја отворите вратата на ладилникот.

NoFrost Side by side комбинирани фрижидери од Gorenje

Во секој случај, Side by side фрижидерите од Gorenje ќе го комплетираат секој простор и со својот изглед и со своите опции. Обезбедете ѝ го на својата кујна фрижидерот што го заслужува, кој ќе внесе и елеганција и функционалност во вашиот животен простор.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 9438 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.