Мосиен Петит Џексон, која е внука на Дајана Рос, тврди дека Мајкл Џексон ја забременил нејзината мајка кога имал 17 години. Прочитајте ја нејзината приказна која вклучува киднапирање и убиства.
Џон Бон Џови отсекогаш негувал имиџ на примерен рокер. Но, фотографиите кои деновиве кружат на интернет го покажуваат шармантниот пејач во малку поинакво светло. На една од нив, Бон Џови е прикажан со 4 полуголи девојки во кревет.
Анџелина Џоли вчера уште еднаш покажа зошто секогаш се вбројува меѓу најубавите жени на светот. На руската премиера на нејзиниот најнов филм Salt, таа ја замени својата омилена црна облека со заносно убав црвен фустан на Версаче и грациозно ги освои погледите на обожавателите.
На лондонската премиера на филмот „Knight and Day“, Том Круз (170cm) изгледа повисок од Камерон Дијаз (175cm), иако таа носи обувки со потпетици од барем 10cm!
Само еден месец откако ја објавија својата свршувачка, Орландо Блум и Миранда Кер го кажаа судбоносното „да“ на интимна церемонија далеку од будното око на папараците. Честито на убавиот пар!
Вчера својата премиера на Vevo ја доживеа спотот за „You Lost Me“ на Кристина Агилера. „You Lost Me“ е моќна балада, а спотот е многу емотивен. Погледнете го.
Кристина Еплгејт има за што да се радува. 38-годишната актерка, која успеа да се пребори со рак на дојка, го очекува своето прво дете со свршеникот Мартин Ленобл.
Линдзи Лохан пристигнала во женскиот затвор Century Regional Detention Facility во Калифорнија, а во текот на нејзиното спроведување останатите затворенички бурно ја бодреле и викале „Те сакаме“.
Форбс состави листа на музичари со најголема заработувачка. Легендарните U2 се на чело на листата со годишна заработка од 313 милиони долари. Погледнете кои се останатите најплатени музичари.
Американскиот сајт RadarOnline објави фотографија на која јасно се гледа Оксана Григориева со скршени предни заби. Според тврдењата на руската пејачка, фотографијата е сликана само неколку часа откако Мел Гибсон ја удрил два пати по лицето.
По појавувањето на неколку кратки видеа наменети да ја зголемат љубопитноста на публиката, се појави првиот целосен трејлер за филмот за најпознатата социјална мрежа во светот – Facebook. Погледнете го трејлерот.
Линдзи Лохан учествуваше во фотосесија за германското издание на машката верзија на списанието GQ само една седмица пред да се најде зад решетки. Погледнете дел од фотосесијата во која ЛиЛо менува неколку костими за капење и позира топлес.