Алексеј Бјелогрлиќ не се одвојува од Сара Јо, си разменуваа бакнежи и нежности на нејзината роденденска прослава
Сара Јо наполни 33 години.
Убавата српска пејачка го прослави роденденот во друштво на партнерот Алексеј Бјелогрлиќ и најблиските, а сподели дел од фотографиите од прославата на социјалните мрежи.
Меѓу фотографиите особено внимание привлекоа оние на кои позира со синот на познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ, со кого е во врска половина година. Тие се прегрнуваа, си разменуваа бакнежи и уживаа во заедничките моменти.
За роденденската вечер, Сара избра краток црн фустан со чипка, додека Алексеј носеше црно сако, бела кошула и панталони со риги.
Сара го прослави роденденот на 29 октомври. Алексеј тогаш ја изненади со голема торта на два ката, украсена со вишни и свеќички, а ја разнежни кога ѝ испеа роденденска песна.
Првите гласини дека Сара и Алексеј се во врска се појавија во мај годинава, кога тие беа забележани заедно во белградски локал. Кон крајот на јуни, парот објави и заедничка фотографија, по што стана јасно дека се во љубовна врска.
Сара е 7 години постара од Алексеј.