Анета Љумаковска и Анета Бенд беа дел од овогодишното издание на Фолк Фест Роса.
Македонските музичари се претставија на сцената во Националната опера и балет во Скопје и добија голем аплауз.
42-годишната пејачка за сценскиот настап избра елегантен црвен костум. Таа освои многу комплименти за изгледот и изведбата.
„Жена кралица, жена лепота, број 1 незаменлива“, „Кралица македонска“, „Најубава и најдобра“, „Вистинска убавица“ и „Најубавиот глас на естрадата“ – се дел од коментарите на Facebook.