Јанг Дади и Ема Камчевска имаат уникатен моден стил.
Популарниот пејач и неговата девојка често избираат складни модни стајлинзи за јавни појавувања, но сега тоа го направија на едно ново ниво.
Имено Дади и Ема, за нивно неодамнешно патување облекоа исти карирани широки панталони, исти кошули искомбинирани со вратоврски и исти кожени јакни. Она што всушност само се разликуваше беше бојата.
„it's always ''YU'“ - напиша партнерката на младиот артист на Instagram, алудирајќи на неговата најнова песна.
На споделено видео заљубената двојка се прегрнува и бакнува.
Јанг Дади не се плаши да експериментира со стилот, а младата девојка е често и негова стилистка. Таа дури ги стилизираше и неговите последни видео записи, во кои и самата се појавува. Камчевска е сопственичка на бутик во Скопје и е препознатлива по својот необичен моден израз.
Дади и Ема објавија дека се во врска на почетокот на оваа година.
„Посветен, искрен, внимателен и сериозен. Верувам дека љубовта бара присуство, искреност и многу почит“ - изјави Дади на тема љубов, во претходно интервју за Фемина, додека пак за стилот кажа:
„Сакам да експериментирам со сè што во моментот ми изгледа интересно и кул. Кај мене најчесто станува збор за инстинкт, а не за план или стратегија. Има трендови што никогаш не би ги следел само затоа што се популарни. Повеќе му верувам на сопствениот вкус и на тоа внатрешно чувството кое ми кажува - 'ова е врв 🙂'“
Музичарот интензивно се подготвува за големиот солистички концерт на 30 декември во „Т Арена“ (СЦ „Борис Трајковски“) во Скопје.