• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Како тинејџер бев срцекршач, сега верувам дека љубовта бара искреност и многу почит“: Интервју со Јанг Дади чија „Лидија“ е насекаде

8 јули 2026, 12:15
  • cподели
Young Dadi

Во личната карта му пишува Давид Даниловски, но со името Јанг Дади (Young Dadi) ја тресе македонската музичка сцена. За само неколку години, младиот артист од Скопје успеа да изгради препознатлив музички и визуелен идентитет и може да се пофали со редица хитови меѓу кои „Сара“, „Bestie“ и „5 до 2“, како и „Лидија“ – „заразната“ песна која буквално нема кој не си ја потпевнува деновиве.

Шармантен и свој, со специфичен моден стил и секогаш отворен за експериментирање и создавање на музика надвор од комфорната зона, Јанг Дади отскокнува од класичните рамки на нашата естрада. Пред него е најголемиот предизвик во досегашната кариера: првиот солистички концерт закажан за 12 септември, проект во кој ја вложува цела своја енергија и страст.

Во разговор за Фемина, 24-годишниот музичар отворено говори за детството, тинејџерските денови, љубовта, модата, музиката, огромниот успех на „Лидија“, претстојниот концерт, но и за соништата кои верува дека допрва ќе ги оствари.

Young Dadi
Young Dadi

Кој е Давид, а кој е Јанг Дади? Постои ли разлика меѓу Давид приватно и Јанг Дади на сцена?

Давид е човекот зад Јанг Дади. Секако дека постои разлика, но суштината е иста. Сè што сум јас како личност е преточено во мојот креативен идентитет, во мојата музика и на крајот на денот - јавната персона. Јанг Дади е само погласна и поекспресивна верзија на Давид. Така што, кога ќе видите, станува збор за истиот човек. 🙂

Young Dadi

Каков беше Јанг Дади како дете? По што те паметат другарите и семејството од тие денови? Дали уште тогаш покажуваше знаци дека ќе бидеш артист?

Бев упорно дете кое уште од најмали нозе сонуваше за сцена. Кога ќе погледнам наназад, буквално сè што сум правел укажувало дека сакам да бидам артист и изведувач. Сакав да бидам во центарот на вниманието, да забавувам луѓе и да создавам нешто свое.

Каков беше како тинејџер? Беше ли љубовџија, срцекршач или повеќе повлечен тип? По што најмногу ги паметиш средношколските денови?

Искрено, бев срцекршач, иако тоа не е нешто со кое би требало да се фалам. 🙂 Средношколските денови најмногу ги паметам по дружбите, излегувањата и безгрижните моменти со другарите во „Георги“.

Денес си препознатлив и по својот автентичен стил. Кога сфати дека сакаш да се облекуваш и изразуваш на свој начин? Дали на почетокот постоеше страв дека нема да бидеш прифатен од околината?

Уште од мал сум фасциниран од имиџот на панк-рок ѕвездите, обоени коси и необични аксесоари. Првата средба со тој свет ја имав преку MTV и музичките магазини. Никогаш не сум имал страв дали ќе бидам прифатен, бидејќи доволно верувам во себе и верувам дека не е важно што носиш, важно е да го носиш со самодоверба.

Young Dadi

Со што најмногу сакаш да експериментираш кога станува збор за имиџот и модата?

Сакам да експериментирам со сè што во моментот ми изгледа интересно и кул. Кај мене најчесто станува збор за инстинкт, а не за план или стратегија. Има трендови што никогаш не би ги следел само затоа што се популарни. Повеќе му верувам на сопствениот вкус и на тоа внатрешно чувството кое ми кажува - „ова е врв 🙂“.

Имаш ли светски артист или јавна личност на која ѝ се восхитуваш?

Во моментов тоа е Bad Bunny. Тој успеа да го обедини целиот свет преку неговата музика и својот специфичен стил, а истовремено врати во мода еден жанр на глобално ниво. Одамна не се случило цела планета да пее на јазик што не го разбира. Станува збор за комплетно изграден артист, приказна и пакет... а тоа е нешто кон што јас целам и се трудам да го презентирам на јавноста преку секој мој проект.

Young Dadi

Како се справуваш со негативните коментари и критики?

Никогаш не сум обрнувал премногу внимание на негативните коментари. Се трудам да бидам опкружен со добри луѓе, а кога тие ме критикуваат, знам дека тоа е конструктивна, добронамерна и искрена критика од која можам да научам.

Колку поддршка имаше од семејството кога реши сериозно да се занимаваш со музика? Имаше ли моменти кога мораше да ги убедуваш дека ова е вистинскиот пат за тебе?

Имав поддршка од семејството, на почетокот им требаше малку време да сфатат дека сум навистина сериозен во намерата да се занимавам со музика, но отсекогаш биле, а и денес се, мојата најголема поддршка.

Во моментов си среќно заљубен. Каков е Давид кога сака?

Посветен, искрен, внимателен и сериозен. Верувам дека љубовта бара присуство, искреност и многу почит.

Young Dadi и Ема Камчевска
Young Dadi и Ема Камчевска

Да не беше музиката, со што мислиш дека денес ќе се занимаваше? Постои ли друга професија во која можеш да се замислиш?

Веројатно со бизнис. Отсекогаш сум имал претприемачки дух и сакам да создавам и да градам нешто свое.

„Лидија“ дефинитивно стана огромен хит кај публиката. Од каде се роди идејата за песната?  Дали паметиш кој беше моментот кога рече „Еј оваа реченица може да биде вистински хит“?

Некогаш песните едноставно те наоѓаат тебе и тоа е нешто што не секогаш може да се објасни. А, „фората“ е нешто што сум го слушал како мал и навистина ми е интересно како беше прифатена од сите генерации.

Young Dadi

Те очекува голем концерт на 12 септември. Постои ли трема или страв пред ваков настан? Што може да очекува публиката од ова шоу?

Секако дека постои трема, бидејќи ова е најголемото нешто што сум го направил досега. Но, јас кога сум под трема, работам уште поинтензивно 🙂. Публиката може да очекува огромно шоу, многу енергија и најдоброто од Јанг Дади.

Young Dadi

Која е реченицата или мислата која те крева кога ти е најтешко?

„Не заборавај што си си ветил себеси.“

Како се замислуваш себеси за десет години?

Се гледам меѓу најдобрите и најуспешните, со кариера која ќе има успех и надвор од Македонија. Би сакал да направам нешто големо за македонската музика и да инвестирам во нови таленти, за и тие да добијат шанса да го остварат и живеат својот сон.

Young Dadi

За неколку часа е закажана премиерата на новата песна на Јанг Дади, насловена „Син на мама“, а ако се суди според најавите за хумористичниот спот, подгответе се за доза смеа и да го видиме во поинакво светло.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Young Dadi

Најнови

  • Маја Кикириткова: „Некоја мајка анализира дали имало дупчиња на бенкицата, моите деца голи лежеа во инкубатор на ГАК“

    Wed, 07/08/2026 - 13:19
  • Дина Јашари

    Дина Јашари х Божиновски: Мали амајлии пред еден голем блескав момент

    Wed, 07/08/2026 - 13:04
  • Три генерации дами: Сузана Турунџиева со двете ќерки и мајка си дотерани на свадба

    Wed, 07/08/2026 - 12:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.