„The Best Thing About Me Is You“ е дует на познатиот латино пејач Рики Мартин и британската соул пејачка Џос Стоун. Тоа е првиот сингл од најновиот двојазичен албум на Рики. Слушнете ја песната која има и англиска и шпанска верзија.
Американската тинејџерка Александрија Милс ја освои титулата Мис на светот 2010. Претставничката на Боцвана беше прогласена за прва, а Мис Венецуела за втора придружничка. Погледнете го прогласувањето на победничката.
Дејвид Бекам реши да го искористи својот шарм и статус на славна личност за да натера една масерка да прави смешни нешта на скриена камера, како дел од шоуто на Елен Деџенерис.
Кети Пери го промовираше својот најнов спот за песната „Firework“. Не пропуштајте да го погледнете, затоа што гарантирано ќе ве исполни со позитивна енергија и ќе ви го подобри расположението.
Неколку месеци се шпекулираше, но сега веќе е потврдено од најсигурни извори: Мараја Кери е бремена со своето прво дете. Погледнете го интервјуто во кое таа зборува за сегашната бременост и за спонтаниот абортус кој го имала пред 2 години.
Моника Белучи по втор пат оваа година ја краси насловната страна на списанието Vanity Fair. На прекрасната фотографија е прикажана 46-годишната актерка како ја држи во рацете својата петмесечна ќерка Леони.
Легендарниот гитарист Слеш и Ферги го промовираа спотот за песната „Beautiful Dangerous“. Темата на видеото е „секс, дрога и рокенрол“. Погледнете го тука.
Чарли Шин повторно во скандал. Познатиот актер вчера бил хоспитализиран, откако обезбедувањето на The Plaza Hotel го пронашлo гол и пијан во неговата хотелска соба. Шин бесен го расфлувал мебелот во собата, а бил во придружба на проститутка.
Ексцентричната пејачка Лејди Гага постави нов YouTube рекорд. Таа го победи Џастин Бибер во трката за достигнување на 1 милијарда посети на YouTube и стана првата личност во светот која успеала да добие толкава гледаност на своите видеа.
Истражувачите велат дека читањето на вести за животот на славните е добро за здравјето, затоа што луѓето се подлабоко засегнати од проблемите како сериозна болест или зависност кога се работи за славна личност.
Краткиот филм „Runaway“ на Кание Вест веќе е достапен за сите кои имаат да издвојат 34 минути од своето време. Во него учествува и супермоделот Селита Ибенкс во улога на фенинкс. Погледнете го тука.