Одличниот настап на Ѓоко Танески и песната „Јас ја имам силата“ не беа доволни за Македонија да стане една од 10-те држави кои обезбедија место во евровизиското финале.
Ештон веќе не може да се фали со титулата крал на Twitter. Бритни Спирс успеа да го надмине неговиот број на следбеници и да стане најпопуларна личност меѓу Twitter корисниците.
Сопругот на прекрасната актерка Британи Марфи, Сајмон Монџек, беше пронајден мртов во неговиот дом вчера вечерта. Неговата смрт доаѓа само 5 месеци по трагичната смрт на 32-годишната Британи Марфи, која почина во истата куќа како и Монџек.
Линдзи Лохан го пропушти закажаното сослушување во судот и поради тоа беше издаден налог за нејзино апсење. Нејзиниот изговор бил дека некој ѝ го украл пасошот во Кан, Франција, каде што таа лудо се забавувала.
Не помина ниту еден месец откако Кортни призна дека имала афера со сопругот на Гвен Стефани, а сега во интервју за списанието Hot Press призна и дека имала секс за една вечер со познатиот супермодел Кејт Мос.
Претставник на 24-годишната Фокс за списанието People потврдил дека таа нема да учествува во новото продолжение, но изјавил и дека тоа е нејзина одлука, а не одлука на режисерот Мајкл Беј или продукцијата што стои зад филмот.
Одличната соработка на Ферги, Дејвид Гета, Крис Вилис и LMFAO резултираше со екстра забавен спот и песна што најверојатно ќе биде еден од летните хитови.
Според најновите информации, 23-годишната Линдзи наводно уште од есента тајно се состанувала со 13 години повозрасната Индрани, која работи како фотограф. Но, Линдзи ги негираше овие гласини.
Само еден ден откако ги освои срцата на американците, имиџот на новата Мис на САД започна да се руши со појавувањето на фотографии од стриптиз натпревар во коj учествувала пред 3 години.