Шоуто на познатиот бренд за долна облека Victoria's Secret секоја година ги воодушевува и мажите и жените. Независно дали поради ангелските креации или поради разголените идеално обликувани тела на манекенките, милиони луѓе со ококорени очи го следат модниот спектакл. Погледнете го тука.
Blanco претстави возбудлива колекција која може да послужи како инспирација за креирање на модни комбинации за претстојните празници. Колекцијата „Night“ е составена од елегантни модели на непогрешливото мало црно фустанче, панталони и кошули во машки стил и гламурозен накит. Погледнете ја тука.
Сара Бартон, која ја дизајнираше венчаницата на Војвотката од Кембриџ, ја освои наградата Дизајнер на годината на овогодинешните Британски модни награди. Викторија Бекам ја прими наградата Дизајнерски бренд на годината.
Џими Чу и понатаму продолжува да ги задоволува женските вкусови со гламур и елеганција. Новите модели обувки и чанти од колекцијата Cruise 2012 ќе успеат да ја освојат секоја дама жедна за естетика и грациозност. Погледнете ги фотографиите.
Обувките и чантите од ресорт колекција на модната куќа Диор се колоритни, забавни и женствени, токму какви што би се очекувале од овој популарен бренд. Погледнете ги фотографиите.
Хајди Клум ја престави својата колекција накит во хотелот „Четири сезони“ во Беверли Хилс. Накитот е изработен од блескави камења и метал во различни бои. Погледнете ја колекцијата тука.
Брилијантниот Маноло Бланик ја објави колекцијата обувки за сезоната пролет/лето 2012. Со користење на својата бескрајна имагинација и имплементирање на еднакви дози на грациозност и екстравагантност, познатиот дизајнер уште еднаш создаде неповторлива колекција. Погледнете ја тука.
Луисана Лопилато ја покажа својата сексапилна фигура во нова кампања на брендот за долна облека Ultimo. 24-годишната аргентинска актерка позира заводливо во неколку секси комплети. Погледнете ги фотографиите.
Ексклузивно за „Вог“, Том Форд ја објави својата колекција за сезоната пролет/лето 2012, која беше прикажана за време на Лондонската недела на модата одржана изминатиов септември. Погледнете ја сексапилната колекција.
Twilight-манијата го тресе светот. Непосредно по премиерата на долгоочекуваното продолжение од вампирската сага и по големата еуфорија која се крена за венчаницата на Бела, Алфред Анџело направи евтина верзија на фустанот која доаѓа со достапна цена. Погледнете ги фотографиите.
Музичките ѕвезди синоќа прошетаа по црвениот тепих пред започнувањето на манифестацијата за доделување на AMA наградите. Погледнете го нивниот стил, како и некои од аутфитите на сцената.
Дизајнерската куќа Алфред Анџело ја следи Twilight-манијата. Нивната најнова колекција матурски фустани за наредната година е наречена „Romantic Vampire“ и е инспирирана од женските ликови во мега популарната вампирска сага. Погледнете ги елегантните креации.