Британскиот „Glamour“ ги избра 50-те жени со најдобар стил на облекување за 2012 година. Можеби малку неочекувано, Кристен Стјуарт застана на чело на листата на најдобро облечени холивудски дами. Дознајте кои модерни славни лица се најдоа во првите 25 на листата.
Актуелната колекција обувки на Стив Меден е вистински рај за очи. Земајќи ги пролетните трендови како основа, креаторите успеале да создадат модерни дизајни кои се неодолива мамка за женскиот поглед. Погледнете ги тука.
Новата рекламна кампања на Yamamay ќе предизвика со нетрпение да го очекувате доаѓањето на летото. Рајските фотографии на кои македонската убавица Катарина Ивановска позира на бели песочни плажи ќе ви ги разбудат фантазиите за летно уживање на плажа. Погледнете ги тука.
Кој не ги сака марамите? Со нив инстантно може да го промените својот изглед и да го направите помодерен и подинамичен. Единствено што треба да знаете е да ја врзете марамата на интересен и разигран начин. Погледнете како да им дадете нов изглед на вашите марами.
5-годишната внука на супермоделот Жизел Бундхен ја дизајнираше својата прва колекција за деца. Малото девојче е и модел за рекламната кампања. Погледнете како изгледа слатката внука на Жизел во дебитантската колекција.
Катарина Ивановска го краси априлскиот каталог за долна облека на престижниот ланец на продавници „Nordstrom“. Убавата манекенка и актерка позира заедно со згоден партнер во секси и забавна долна облека. Погледнете ги фотографиите.
Бар Рафаели, која е рекламно лице на елегантната колекција „Piaget Rose“, на промотивните фотографии позира грациозно, давајќи им простор на блескавите парчиња накит да дојдат до израз. Погледнете ги фотографиите.
Облечена во весели комбинации, со развеана коса и со силна „smokey eyеs“ шминка, Катарина Ивановска ги покажува летните трендови во мајското издание на американското „Elle“. Погледнете ги фотографиите.
Кристијан Диор конечно прогласи наследник на генијалниот, но контроверзен дизајнер, Џон Галијано. Раф Симонс е новиот креативен директор на врвната француска модна куќа.
„Beach Bunny“ не се откажува од Кејт Аптон, особено не сега откако младата убавица беше на насловната страна на „Sports Illustrated“. 19-годишната русокоса позираше за рекламната кампања на новата колекција костими за капење на „Beach Bunny“, „Bronze“. Погледнете ги фотографиите.
Шерил Кол ја објави својата втора колекција обувки. Меѓу новите модели можат да се најдат колор-блок сандали во стилот на 70-тите години, сандали со полни високи потпетици тип полумесечина и елегантни чизмички до глуждови во неутрални бои. Погледнете ја колекцијата.