Грешите ако си мислите дека доделувањето на Оскарите е најголемата модна парада. Синоќа Њујорк уште еднаш беше домаќин на „најголемата модна ноќ“, која е спој на историја, уметност и мода. Станува збор за гала вечерта организирана од Институтот за костими и главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур. Оваа година гала вечерта го означи отворањето на изложбата „Schiaparelli and Prada: Impossible Conversations“.
На црвениот тепих пред музејот на уметноста „Метрополитен“ зачекорија некои од најактуелните личности во светот на шоу-бизнисот. Покажувајќи се во најдобро светло, ѕвездите блескаа во дизајнерски креации, меѓу кои доминираа креации на Прада. Дел од нив навистина успеаја да воодушеват, но некои во обидот да привлечат што поголемо внимание, оставија лош впечаток.
Бијонсе во Givenchy
Скарлет Јохансон во Dolce & Gabbana
Нина Добрев во Donna Karan
Даен Кругер во Prada
















































