Високиот шлиц на Ања Рубик на балот МЕТ предизвика лавина од негативни коментари. Преслабата манекенка ги покажа истакнатите коски на колкот и отсуството на долна облека, па многумина не успеаја да ги голтнат острите забелешки и критики. Погледнете го разголениот фустан на Ања.
Бијонсе беше една од ѕвездите кои дефинитивно го грабнаа вниманието на вчерашната гала вечер во музејот „Метрополитен“ во Њујорк. 30-годишната пејачка со став на вистинска дива носеше драматичен фустан на Живанши од колекцијата висока мода. Погледнете ја Бијонсе на црвениот тепих.
Синоќа Њујорк беше домаќин на „најголемата модна ноќ“, која е спој на историја, уметност и мода. Погледнете што носеа ѕвездите како Бијонсе, Ријана, Алиша Кис, Џесика Алба и Скарлет Јохансон на гала вечерата во музејот на уметноста „Метрополитен“.