• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Секој ден ја молев 'Немој бе мамичко, зошто го трпиш?', ќе ја терам правдата до крај“: Мајката на претепаната девојка од Битола

20 ноември 2026, 18:55
  • cподели

Со солзи во очите и револт поради насилството што го преживеала нејзината ќерка, Бети Ангелковска денеска јавно проговори на протестот пред Владата.

Мајката од Битола раскажа за долгогодишното насилство кое го трпела 21-годишната Емилија Мицевска и порача дека нема да се откаже од борбата за правда.

На денешната блокада пред Владата, организирана од „Ниту една повеќе!“, одекнаа нејзините зборови:

„Замислете натрапникот од Битола ја тужи мојата ќерка, како таа него да го тепала, а не тој неа. Ги имам сите видеа, слики и материјали... тепана цела е, јас лично кога ги гледав сликите... значи ако не се преземе нешто, ќе си ја земам правдата во свои раце. Јас ја израснав сама 21 година, нема да дозволам некој никако да ми го уништи чупето, нема, точка!“

Таа реагираше и на големото полициско присуство пред Владата, прашувајќи зошто толку полицајци се присутни на протестот.

„Гледам тука многу полицајци, зошто толку полицајци, за нас? Па ние не сме натрапници“ - запраша изреволтираната Бети.

Мајката порача дека е подготвена секојдневно да доаѓа на протестите доколку е потребно.

„Ќе одам до крај, ако треба секој ден овде и сама ќе доаѓам, и кој сака нека ми биде поддршка, дури не излезе правдата за мојата ќерка Емилија Мицевска од Битола“ – рече таа, заблагодарувајќи им се на сите присутни за поддршката.

Во своето обраќање, упати и апел до сите девојки и жени кои се соочуваат со насилство да не молчат и да побараат помош, споделувајќи дека и самата секојдневно ја молела ќерка си да ја напушти насилната врска.

„Апелирам до сите девојчиња, којашто има насилство, да не трпи, да пријави. За мојата ќерка знаев дека си иде посинета дома, секој ден ја молев 'Еме, немој бе мамичко, зошто го трпиш?' Но, ете, се реши конечно и сега ќе ја истерам правдата до крај“ – рече таа.

Да потсетиме, на 10 ноември Емилија Мицевска пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер К.У., кој, година и половина физички и психички ја малтретирал и ѝ се заканувал со убиство.

При последниот напад, како што навела во пријавата, тој ја удирал и ја давел со рацете, затворајќи ѝ ги носот и устата за да не може да дише.

Случајот предизвика дополнителен револт откако осомничениот успеал да избега низ прозорец од полициската станица во Битола. Девојката била згрижена во шелтер-центар, а МВР потврди дека е активирана внатрешна контрола за да се испитаат околностите под кои се случило бегството.

Tags
семејно насилство

Најнови

  • „Секој ден ја молев 'Немој бе мамичко, зошто го трпиш?', ќе ја терам правдата до крај“: Мајката на претепаната девојка од Битола

    Fri, 11/20/2026 - 18:55
  • A1 Game Fest

    A1 го најавува деветтото издание на A1 Game Fest 2026 powered by Samsung – најголемиот е-спорт настан во Македонија

    Fri, 11/20/2026 - 14:49
  • „Зад секоја насмевка може да се крие неискажана болка“ – Амела Мемиш Апостоловска со исповед која ја отвора душата и испраќа силна порака до сите: „Не одминувајте ги туѓите битки!“

    Fri, 11/20/2026 - 14:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.