A1 го најавува деветтото издание на A1 Game Fest 2026 powered by Samsung – најголемиот е-спорт настан во Македонија
A1 Македонија го најавува A1 Game Fest 2026 powered by Samsung организиран на супериорен оптички интернет, кој на 21 и 22 ноември во Skopje City Mall во Скопје по деветти пат ќе ги обедини гејмерите, косплеерите и љубителите на дигиталната забава. Со возбудливи турнири, вредни награди и атмосфера исполнета со натпреварувачки дух, фестивалот ќе понуди два дена посветени на гејмингот, креативноста и дружењето.
Натпреварувачката програма опфаќа турнири во Counter-Strike 2, DotA 2, EA SPORTS FC™ 27 powered by Kviki и Street Fighter 6, како и Clash Royale. Од тимски стратегии и фудбалски дуели до борбени арени, учесниците ќе имаат можност да ги покажат своите вештини, а публиката да ужива во возбудата на натпреварите. Програмата дополнително е збогатена со Just Dance Challenge, Board Games, Retro Games и Grand Theft Audio by DJ Goce SAF, кој ќе ги врати посетителите во светот на GTA со познати класици и звуци од легендарните радиостаници, како и со уште многу гејмерски предизвици и забавни активности за сите генерации. Посебно место во програмата има Cosplay powered by HBO Max, кој ќе им овозможи на косплеерите да ја изразат својата креативност преку костими инспирирани од омилените ликови.
За победниците се предвидени вредни награди, а сите заинтересирани за учество се повикуваат пред пријавувањето внимателно да ги прочитаат правилата на соодветниот турнир.
„A1 Game Fest прерасна во традиција што ја обединува гејмерската заедница и создава простор во кој талентот, креативноста и тимскиот дух доаѓаат до израз. Со деветтото издание сакаме да понудиме нови предизвици, но и можности за поврзување и споделување искуства. Веруваме во потенцијалот на младите и во можностите што ги отвора дигиталниот свет, при што безбедното и одговорно гејмање остануваат важен дел од нашата порака“, Методија Мирчев, Главен извршен директор на A1 Македонија.
A1 Македонија ги поканува сите љубители на гејмингот и поп-културата да се придружат на 21 и 22 ноември во Skopje City Mall и да бидат дел од A1 Game Fest 2026 powered by Samsung – викенд исполнет со гејмерски предизвици, натпреварувачка енергија и дружење.