Дона Каран ја објави својата колекција Pre-Fall 2012 и ја опиша со еден збор: „Wo-Man“. Разгледајте ја колекцијата која е спој на мажественоста со женственоста.
Pantone ја објави бојата која ќе ја одбележи претстојната 2012 година. Бојата е егзотична мешавина од портокалова и црвена и е наречена „Tangerine Tango“. Прочитајте повеќе.
Шерил Кол влезе во дизајнерските води. 28-годишната пејачка ја претстави својата прва колекција обувки. Новите осум пара обувки кои се израз на нејзината креативност се само дел од огромната домашна колекција од 2.000 пара обувки која ја поседува Шерил. Погледнете ја колекцијата и прочитајте повеќе.
За дамите кои секојдневно сакаат да заведуваат во високи потпетици, италијанскиот бренд Loriblu создаде фасцинантна колекција со сваровски кристали, модерни бои и уникатни линии. Разгледајте ја тука.
Серџо Роси го прошири своето дизајнерско портфолио со два модела егзотични и луксузни обувки. Италијанскиот дизајнер понуди за своите богати клиенти чевли прекриени со 22-каратни сребрени и златни листови. Погледнете ги тука.
Една од најомилените и најбараните манекенки во моментов, Карли Клос, се соблече гола за декемвриското издание на италијанскиот „Вог“. Погледнете ги фотографиите од едиторијалот со новиот ангел на Victoria's Secret.
Шоуто на познатиот бренд за долна облека Victoria's Secret секоја година ги воодушевува и мажите и жените. Независно дали поради ангелските креации или поради разголените идеално обликувани тела на манекенките, милиони луѓе со ококорени очи го следат модниот спектакл. Погледнете го тука.
Blanco претстави возбудлива колекција која може да послужи како инспирација за креирање на модни комбинации за претстојните празници. Колекцијата „Night“ е составена од елегантни модели на непогрешливото мало црно фустанче, панталони и кошули во машки стил и гламурозен накит. Погледнете ја тука.
Сара Бартон, која ја дизајнираше венчаницата на Војвотката од Кембриџ, ја освои наградата Дизајнер на годината на овогодинешните Британски модни награди. Викторија Бекам ја прими наградата Дизајнерски бренд на годината.
Џими Чу и понатаму продолжува да ги задоволува женските вкусови со гламур и елеганција. Новите модели обувки и чанти од колекцијата Cruise 2012 ќе успеат да ја освојат секоја дама жедна за естетика и грациозност. Погледнете ги фотографиите.
Обувките и чантите од ресорт колекција на модната куќа Диор се колоритни, забавни и женствени, токму какви што би се очекувале од овој популарен бренд. Погледнете ги фотографиите.
Хајди Клум ја престави својата колекција накит во хотелот „Четири сезони“ во Беверли Хилс. Накитот е изработен од блескави камења и метал во различни бои. Погледнете ја колекцијата тука.