• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

ФОТО: Шармантната Мила Кунис во слатко издание за Harper’s Bazaar

5 март 2012, 21:25
  • cподели

Мила Кунис изгледа неодоливо на фотографиите од новиот едиторијал за американското издание на Harper’s Bazaar.

28-годишната актерка позираше пред објективот на Тери Ричардсон во креации на Шанел, Луј Витон, Долче и Габана, Александар МекКвин, Том Форд, Роберто Кавали, Ив Сен Лорен и Версаче.

Мила Кунис за Harper’s Bazaar

Мила, која глуми од својата 9-та година од животот, стана позната со хит-серијата „That '70s Show“, но нејзината улога во „Black Swan“ ја лансира меѓу најбараните актерки во Холивуд. Актерката со препознатливо крупни очи е и новото заштитно лице на Диор и моментално ја снима кампањата за оваа позната модна куќа.

Мила Кунис за Harper’s Bazaar

Во интервјуто за списанието, Мила призна дека по нејзиното драстично слабеење од 9 килограми за филмот „Black Swan“, тело ѝ се променило. „Мојата форма е поинаква. Кога слегов до 43 килограми, бев мускули, како мала куќа од тули, но и кожа и коски. Кога си ја вратив тежината, таа отиде во сосема различни области. Би била среќна ако мојот задник беше поголем. Целата тежина што ги напушти моите гради отиде странично на моите колкови и на стомакот“ – изјавила Кунис.

Мила Кунис за Harper’s Bazaar Мила Кунис за Harper’s Bazaar

Сепак, таа не ја исклучува можноста повторно да прифати улога која ќе бара и нејзина физичка трансформација. За да ја одржува својата линија, Мила сега вежба трипати неделно.

Мила Кунис за Harper’s Bazaar

Сексапилната актерка открила дека не излегува често и дека претпочита да се релаксира со чаша вино пред телевизорот, а исто и дека тешко создава нови пријателства.

Мила Кунис за Harper’s Bazaar

„Тешко е да им се отвориш на луѓето, затоа што често се многу повеќе љубопитни отколку што навистина се грижат за тебе“ – дополнила таа.

Мила Кунис за Harper’s Bazaar Мила Кунис за Harper’s Bazaar
Tags
Мила Кунис

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.