Почетна » Љубов и секс » Сингл » 5 знаци дека бившиот ве посакува

5 знаци дека бившиот ве посакува

Старите врски нема како да ги избришете од вашиот живот, особено ако сè уште одржувате контакт во вашиот бивши. Така секогаш пред вас стои прашањето: дали тој продолжил понатаму или сè уште има чувства кон вас? За полесно да дојдете до одговорот има неколку знаци кои ќе ви кажат дека старата искра за него не е згасната.

Заљубен мажАко бившиот постојано зборува за вашето заедничко минато или ви праќа подароци, тогаш сигурно не ве преболел.
  1. Тој постојано прави обиди да остане во контакт со вас. Ако вашиот бивш бара начин за да комуницира со вас, тоа значи дека ве цени многу и мисли на вас. Тој сака да биде во ваша близина и се интересира за сè што се случува во вашиот живот.
  2. Зборува за вашето заедничко минато. Како што поминува времето, вашите караници избледнуваат и остануваат во сеќавање само убавите моменти. Барем за него е така. Ако постојано ви припомнува колку убави моменти сте имале заедно, тоа е сигурен знак дека сè уште ве посакува.
  3. Ве кани да излезете со друштво. Откако вашата врска завршила, него му е неудобно да ве покани да излезете сами. Кога ве кани да излезете со друштво, тој бара начин да помине колку што е можно повеќе време во ваша близина. Затоа, ако сакате да ја обновите врската со него, ова е вистински знак да бидете сигурни дека и тој го сака истото.
  4. Ви праќа картичка или подарок за празници. Ова е добар знак дека не му е сеедно што не сте заедно, особено ако подарокот е нешто што можете да го носите или користите постојано. Со подарокот тој сака да остане во вашето срце и да не го заборавите.
  5. Останува во контакт со вашите пријателки за да дознае нешто повеќе за вас. Ако се обидува да дознае нешто повеќе за вас и вашиот живот од вашите пријателки или им зборува колку убаво ви било заедно, тој се обидува тие зборови да достигнат до вас.

Ако ги забележувате овие знаци во неговото однесување, бидете сигурни дека вие сè уште сте во неговото срце. Сега останува прашањето: како се чувствувате вие? Дали сакате да ја обновите врската или не? Размислете и дејствувајте.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.