Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » Однесете ја вашата „затворена“ врска надвор

Однесете ја вашата „затворена“ врска надвор

Кога сте во долгогодишна врска, често се случува да заборавите за светот околу вас. Секоја сабота вечер се гушкате пред телевизорот? Не се сеќавате кога последен пат сте биле излезени во друштво? Време е за промена. Освежете ја врската и започнете да се социјализирате, како што тоа било претходно.

Два парови во кафуле
Внесете разнообразие во вашиот живот со тоа што ќе излезете со друг пар или ќе организирате вечера за друштвото.
  • Двоен состанок. Излезете со друг пар на пиво. Ова е одличен начин да се социјализирате, а забавата секогаш е подобра кога има повеќе луѓе. Ако вашите пријатели не се во врска, можете вие со двоен состанок да им помогнете да си ја пронајдат својата половинка.
  • Организирајте забава. Не ви е потребен повод, само интересни пијалоци и нешто за грицкање. Ако сте љубителка на готвењето, направете нестандардно јадење и поканете ги пријателите. Повторно ќе се зближите со старите пријатели и ќе ја вратите забавата во вашиот живот.
  • Запишете се на курс. Можете да се запишете на курс за да научите нов јазик или да одите на часови за танцување. Така во истото време ќе се социјализирате, ќе воспоставувате нови контакти и ќе добиете нова способност.
  • Излегувајте почесто. Секој викенд организирајте нешто интересно. Одете на концерт, излезете во дискотека и во никој случај не ја прескокнувајте забавата кај вашите пријатели. Секое излегување ви носи нови контакти и нови доживувања.

Има толку многу поинтересни нешта, отколку седењето дома и гледањето филм. Не се затварајте во врската. Ставете ја насмевката на лицето и однесете ја вашата врска надвор.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.