Почетна » Убавина и мода » Тело » Како да изгледате послаби уште вечерва?

Како да изгледате послаби уште вечерва?

Ве очекува голем настан на којшто сакате да блеснете? Заборавете на идејата дека ви е потребно волшебно стапче за да изгледате максимално привлечно. Во продолжение ќе најдете практични совети кои ќе ви овозможат да изгледате послаби уште вечерва.

Среќна жена се забавува

Исхрана во текот на денот

Не им верувајте на супер брзите екстремни диети или производи за слабеење. Правилниот избор на храна во текот на денот ќе ја намали подуеноста и ќе ви ја подобри фигурата за да можете да изгледате прекрасно во избраната модна комбинација.

Дневно мени

Пред појадокот (8.30 ч.): Чаша вода со една лажичка јаболкова киселина. Овој пијалак на природен начин ќе ви го намали апетитот, па ќе консумирате помалку калории во текот на денот.

Појадок (9 ч.): Каша од 100г. овесни снегулки и малку вода, зачинета со половина лажичка цимет. Циметот го регулира шеќерот во крвта, што значи дека ви го стабилизира апетитот и ја намалува веројатноста да посегнете по омиленото чоколадо во текот на денот. Овесните снегулки се богати со растителни влакна кои ќе ве заситат подолг период.

Ручек (13 ч.): Салата од една краставица и 2 средни парчиња пилешки стек (варен или приготвен на скара). Важно е да консумирате зеленчуци кои содржат многу вода, како краставицата, а да ги избегнувате зеленчуците како брокули, карфиол и зелка, бидејќи тие создаваат гасови во стомакот.

Ужина (17 ч.): Едно јаболко со малку путер од кикирики или зачинето со малку цимет.

Вечера (19 ч.): Исто како и ручекот.

Важни совети:

  • Прескокнете ја гумата за џвакање. Додека џвакате гума за џвакање голтате и воздух кој ќе го надуе вашиот стомак.
  • Пијте многу вода. Колку повеќе вода пиете, толку повеќе му помагате на организмот да се ослободи од вишокот на течности кои ги задржува. Ако телото не добива доволно вода, тоа складира повеќе вода и вие ќе изгледате позаоблени.
  • Држете се подалеку од газираните сокови. Не ја гасете жедта со газирани сокови, дури и ако се диетални. Истражувањата покажуваат дека диеталните газирани сокови го зголемуваат апетитот.

Шминка за визуелно слабеење на лицето

Шминката е ваш одличен сојузник кога сакате да изгледате извонредно и тоа не само поради тоа што ќе ви ги разубави очите и усните, туку и затоа што ќе ви помогне да го обликувате лицето.

Со помош на потемно руменило контурирајте го вашето лице за да ги акцентирате ковчестите делови и да ја прикриете подуеноста. Кога ќе ги затемните посочените области од лицето, тие ќе одат во позадина, а останатите делови ќе застанат на преден план, па гарантирано ќе добиете послаб изглед.

Шминка за послаб изгледОбласти за нанесување на руменило за послаб изглед на лицето
  1. Соберете ги усните и направете гримаса како рипка, а со четка нанесете руменило во длабнатините на образите (слика 1). Така ќе оформите убави јаболкници кои ќе ги фрлат во сенка полните обравчиња.
  2. Двојната брадичка ќе ја сокриете ако врз неа со четка нанесете темно руменило. Започнете да контурирате од зад левото уво и завршете зад десното (слика 2).
  3. Не заборавајте да ги „обоите“ со руменило и слепоочниците (слика 3). Ваквиот потег визуелно ќе го ослаби вашето лице.

Најдобри фризури за послаб изглед

Планирате да посетите фризер пред големата вечер? Ако имате заоблено полно лице, никако не се одлучувајте за секогаш популарната боб фризура. Таа само ќе го потенцира кружниот изглед на лицето.

Што ќе го направи вашето лице визуелно послабо? Еве ги нашите предлози:

  • Високо коњско опавче. Соберете ја косата во коњско опавче високо на главата. Веднаш ќе добиете мал лифтинг на лицето кој ќе ги потенцира коските на челото и јаболкниците.
  • Фризура „пола-пола“. Половина од косата соберете ја со шнола или ластик, а половина пуштете ја слободно да паѓа.
  • Патец настрана. Избегнувајте да го ставате патецот на средината на главата. За послаб изглед кој ќе ги акцентира вашите јаболкници на лицето, направете си патец настрана и прицврстете ги шишките со тренди шнола.
  • Брановидна лежерна фризура. Не се залажувајте по идеално правата коса. Пресата за коса ви е непријател ако сакате да изгледате послаби. Правата коса стои залепена на главата, а како резултат на тоа главата изгледа помала и обликот на лицето доаѓа до полн израз. Направете си модерна брановидна фризура, особено ако имате долга коса пострижана на слоеви.
Фризури за послаб изгледВисоко коњско опавче / Пола-пола / Патец настрана / Брановидна коса

За крај, гордо исправете се. Наполнете се со самодоверба, бидејќи само така ќе изгледате привлечно во очите на другите. Добрата исправена положба на телото инстантно ќе го разубави вашиот изглед.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.