Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Правилно држење на телото додека стоите

Правилно држење на телото додека стоите

Правилното држење на телото може да направи да изгледате повисоки, послаби, но најважно од сè – самоуверени. Неправилното држење не само што ќе направи да изгледате подгрбавено, туку и може да предизвика здравствени проблеми како болки во грбот, вратот и главата.

Убава женаПравилното држење на телото ќе направи да изгледате повисоки, послаби и посамоуверени

Се сеќавате кога бевте мали и кога вашата мајка постојано ви повторуваше „седи исправено“? Тоа е првиот и најважен совет што можете да го добиете. Сепак, да стоите премногу исправени е исто толку лошо колку и да седите подгрбавени. Доброто држење значи да бидете во положба која најмалку ќе ги напрега мускулите и лигаментите.

Која е правилната положба на телото?

Застанете пред огледало во положбата во која секогаш се движите. Добро набљудувајте го вашето тело. Кои области од телото ве спречуваат да изгледате исправено? Можеби вашата глава е наведната премногу нанапред, вашиот грб има форма на буквата „С“ или пак рамената ви се опаднати нанапред. Потоа исправете се, применувајќи ги следните совети:

  • градите треба да ви бидат истакнати напред, а рамената опуштени, а не подигнати нагоре;
  • нозете треба да ви бидат поставени во ширина на рамената. Рамномерно распределете ја тежината на двете нозе;
  • соберете го вашиот стомак навнатре;
  • вашите уши, рамената, колковите и глуждовите на нозете треба да бидат во иста линија.

Нема како да не ја забележите разликата.

Тест на ѕидот

За да проверите колку добро го држите своето тело додека сте исправени, застанете потпрени со грбот на ѕид, така што главата, рамената и задникот ќе го допираат ѕидот. Петиците на нозете треба да бидат 5-7 сантиметри оддалечени од ѕидот.

Свиткајте ја едната рака и протнете ја помеѓу вашата половина и ѕидот. Просторот не треба да биде ниту премногу голем, ниту премногу мал, туку доволно за да протнете раката.

Тоа е идеалната положба која треба да ја има вашето тело во текот на денот. Оддалечете се од ѕидот и обидете се да ја зачувате таа положба.

Вежба со книга на главата

Добро познатиот трик со книгата на главата е одлична вежба за вашето тело да се привикне да стои исправено.

Ставете книга на главата и започнете да одите нанапред. Откако ќе успеете да се движите без книгата да паѓа од вашата глава, обидете се и малку да потанцувате, движејќи го само долниот дел од телото.

Оваа вежба ќе ви помогне да научите да ги држите вратот и главата исправени.

Кога носите чанта...

Можеби големата чанта прави да изгледате модерно и собира сè што ви е потребно, но никако не влијае добро на вашето држење на телото, затоа што целата тежина паѓа само на едната страна од телото. Еве неколку совети како да го избегнете штетното влијание од носењето на чанта:

  • Експертите советуваат чантата да не биде потешка од 10% од вашата телесна тежина.
  • Додека ја носите, често префрлувајте ја чантата од едното на другото рамо, за тежината да не паѓа само на едната страна.
  • По можност, носете нешто друго во раката на чија страна не е вашата чанта, за да држите рамнотежа.
  • Ако е потребно да носите многу нешта во вашата чанта, користете ранец.

Кога подигате нешто тешко...

Многу повреди на грбот настануваат поради неправилно подигање на тешки предмети. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги избегнете повредите:

  • Не подигајте премногу тешки предмети (потешки од 15 килограми).
  • Пред да го подигнете предметот, осигурете се дека сте цврсто застанати со стапалата на подот.
  • Ако подигате предмет што се наоѓа пониско од вашите колкови, зачувајте го вашиот грб прав и свиткајте ги колената и колковите. Немојте да се наведнувате нанапред со исправени нозе.
  • Во моментот на подигање стегнете ги стомачните мускули и подигнете го предметот користејќи ги мускулите на нозете.
  • Држете го предметот блиску до вашето тело, а лактите држете ги свиткани.
  • Спуштете го предметот со свиткување на колената, исто како што го подигавте.

Секогаш први паѓаат в очи луѓето кои имаат правилна положба на телото, затоа што знаат како да го презентираат своето тело на најдобриот можен начин. Бидете една од нив.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.