Почетна » Убавина и мода » Тело » 10 тајни за разубавување на славните дами

10 тајни за разубавување на славните дами

Скапи козметички третмани, револуционерни кремови кои чинат мало богатство и мини армија од стилисти, шминкери и фризери стојат зад беспрекорниот изглед на холивудските ѕвезди. Но, многу од светски познатите дами се служат со трикови кои можеме да ги „украдеме“ за да ги збогатиме ритуалите за разубавување, и тоа без да си го испразниме паричникот.

БијонсеХали БериЏесика АлбаБијонсеЕма СтоунКејт МосСкарлет ЈохансонЕмилија КларкМиранда КерИрина Шајк

Бијонсе

Стегнати нозе со 4 пара хулахопки

Додека Бијонсе енергично танцува на сцената, многу девојки се прашуваат која е тајната на нејзините стегнати нозе. Во интервју за емисијата „The View“, музичката дива откри дека на сцената носи 4 пара хулахопки за нејзините бутови да изгледаат стегнато за време на танцувањето.

Доволно е да облечете 2 пара хулахопки за да го почувствувате ефектот на слоевитото облекување на хулахопки.

Хали Бери

Парфем на внатрешноста на бутовите

Хали Бери има дискретен совет за нанесување на парфем. „Треба да го напрскувате на внатрешната страна на бутовите. Потоа се загрева и аромата се искачува нагоре во текот на целиот ден. Кога прегрнувате некого не го оставате вашиот мирис врз него“ – вели таа.

Резултатот е особено ефектен кога носите фустан или здолниште.

Внатрешната страна на лактите е исто така добро место за нанесување на парфем, како и областа зад колената, бидејќи пулсот и топлината го стимулираат разнесувањето на мирисот во воздухот околу вас.

Хода Котби

Хигиенски влошки за поудобни обувки

Американската водителка на шоуто „Today“ објави НЕгламурозно решение за побезболно и поудобно чекорење на високи потпетици. „Следниот пат кога ќе ве болат нозете, поминете до супермаркетот, купете влошки и пикнете ги во обувките. Тие се како перниче и нозете не болат“ – советува таа.

Нејзиниот невообичаен совет беше опишан како исклучително корисен и практичен од многу гледачки.

Џесика Алба

Шеќерен пилинг за нежно тело

Кожата на Џесика Алба секогаш изгледа негувано. Во нејзината книга „The Honest Life: Living Naturally and True to You“, Алба открива евтин домашен пилинг со кој го отстранува слојот мртви клетки од кожата на телото.

Измешајте маслиново масло и шеќер во однос 1:2 и додајте неколку капки есенцијално масло од ванила или масло по свој избор за да ја разубавите миризбата. „Кафеавиот шеќер и солта се исто така добри. Или, можете да си направите комбинација од нив за да го добиете посакуваното ниво на триење“ – вели филмската ѕвезда. Нежно тријте ја кожата со пилингот додека сте под туш.

Ема Стоун

Сода бикарбона за ексфолијација на кожата

Ема Стоун ја освежува кожата на лицето со помош на сода бикарбона. „Кога сакам да ја ексфолирам кожата, користам сода бикарбона“ – изјавила таа во интервју за францускиот Elle.

Помешајте малку сода бикарбона со мало количество вода и протријте ја нежно кожата со кружни движења. Измијте со млака вода.

Сода бикарбоната е добра затоа што не е премногу груба кога се користи како ексфолијатор. Сепак, не се препорачува многу честа употреба на сода бикарбона на кожата на лицето, поради нејзината висока pH-вредност.

Кејт Мос

Краставици и мраз за свежо лице

Кејт Мос води динамичен живот и редовно е пред објективите на фотографите. Па, по луда ноќ, наутро таа користи мал трик за освежување на кожата на лицето. „Ако кога се разбудам изгледам уморно или отечено, го полнам мијалникот и ставам мраз и исечкани краставици и го потопувам лицето. Тоа инстантно стега сè и прави да се чувствувате и да изгледате будни“ – советува Мос.

Скарлет Јохансон

Јаболков оцет како тоник против акни

Скарлет Јохансон преферира природна нега на кожата, а за да го спречи појавувањето на акни таа користи јаболков оцет како тоник.

„Пред извесно време започнав да истражувам за природна нега на кожата. Ако кожата ви е проблематична или имате многу акни, тоа навистина лекува. Малку е миризливо, но ако не спиете над вашето момче, навистина е ефективно“ – изјавила таа за британското Elle.

Емилија Кларк

Две маскари за поприроден изглед на очите

Ѕвездата од „Game of Thrones“ користи две маскари во различна боја за да добие поприроден изглед на очите.

Нејзиниот мејкап артист споделил дека горните трепки на Емилија ги акцентира со црна маскара, додека за долните трепки користи маскара во кафеава боја.

Миранда Кер

Топла вода со лимон за подобра дигестија

Миранда Кер одушевува со изгледот на своето тело. Синооката убавица неодамна сподели дека утрото го започнува со микс од топла вода и лимон. „Мојата утринска рутина започнува со топла вода и лимон. Тоа навистина помага за поттикнување на дигестијата. Го прочистува телото и го подобрува имунитетот“ – вели таа.

Кер предлага уште неколку свои тајни – белка од јајце за посјајна коса, авокадо за лице и краставици за очи. Исто така, таа препорачува четкање на кожата на телото насуво за елиминирање на целулитот.

Ирина Шајк

Замрзнат чај од камилица за лице, сол и мед за тело

Каде и да се појави, Ирина Шајк е во центарот на вниманието со божествено убавото тело и беспрекорната кожа. Нејзината тајна е во природата.

За нега на кожата на лицето, убавата Русинка користи чај од цветови од камилица или зелен чај, но замрзнати во форма на коцки. „Наутро го тријам лицето со коцки мраз направени од чај од камилица или зелен чај. Ја навлажнувам кожата со парче свежа краставица“ – открива таа.

Кожата на телото Ирина ја освежува со специјален пилинг направен од мед и морска сол. „Го користам само овој пилинг за моето лице и тело“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.