Почетна » Убавина и мода » Мода » Шоуто на Victoria’s Secret 2011 – ревијата од фантазиите

Шоуто на Victoria’s Secret 2011 – ревијата од фантазиите

Синоќешното шоу на Victoria’s Secret беше магично, спектакуларно и забавно. Познатиот бренд вети и донесе на сцената театрален микс од пердуви, кристали, светулки, крилја и сексапилна долна облека.

„It's Show Time“ – тоа беше темата на овогодишниот спектакл на кој 38 модели продефилираа во 69 костими, надополнети со 31 пар крилја.

Ревијата беше поделена во шест секции. Гламурот започна со секцијата „Ballet“, инспирирана од костимите и грациозноста на балерините. Прва на пистата зачекори Кендис Сванапул. Веднаш по неа започнаа да се редат нејзините колешки, меѓу кои и Миранда Кер, Алесандра Амбросио, Адријана Лима, Шанел Иман, Доцен Крос и Линдзи Елингсон, а оваа година за првпат на шоуто се појави и актуелната принцеза на модните писти, Карли Клос.

Вториот дел од шоуто, наречен „Super Angels“, донесе на сцената супер секси супер херои, а во третиот дел „Passion Play“ беа презентирани богато украсени креации инспирирани од борбите со бикови. Следна беше секцијата „Aquatic Angels“ во која ангелите наликуваа на мистични сирени, а веднаш по неа започна секцијата „I Put A Spell On You“, во рамките на која беа прикажани вамп костими во готски стил. „Club Pink“ беше последниот и најзабавен и најколоритен дел од шоуто.

Еден од најнезаборавните моменти во текот на ревијата се разбира дека беше прошетката на Миранда Кер со градникот „Fantasy Treasure“ од 2,5 милиони долари.

Миранда Кер и градникот од 2,5 милиони долариМиранда Кер со градникот од 2,5 милиони долари
Миранда Кер Миранда Кер

Но, и Алесандра Амбросио не ја остави публиката рамнодушна кога зачекори со крилјата „Passion Play Fan“, за чија изработка биле потребни цели 7 години. Крилјата тежат скоро 14 килограми, а се позлатени со 23-каратно злато и врз нив има 105.000 Сваровски кристали. „Ова дефинитивно се најтешките крилја што ги имаат направено за Victoria’s Secret“ – изјавила Амбросио.

Алесандра Амросио со крилјата тешки 14 килограмиАлесандра Амбросио со крилјата тешки 14 килограми Кендис и АлесандраКендис Сванапул пристигнува, додека Алесандра ја напушта пистата

Освен возбудливите ангелски креации, вниманието на публиката го заробија и изведбите на Кание Вест, Џеј-Зи, Maroon 5 и Ники Минаж, кои беа задолжени да им го диктираат ритамот на чекорите на моделите.

Кание Вест и Џеј-ЗиКание Вест и Џеј-Зи

Бијонсе не го пропушти големиот настан и од првиот ред ракоплескаше за својот сопруг. Адам Левин, фронтменот на Maroon 5, во еден момент ѝ пееше серенада на својата девојка Ен Ви, додека таа дефилираше по пистата, а на крајот ѝ подари и бакнеж на образ.

Адам и Ен ВиАдам Ливајн и Ен Ви

Ники Минаж лесно се вклопи во шоуто, поради нејзиниот препознатлив колоритен стил на облекување.

Ники Минаж Ники Минаж

Мала армија од стилисти, дизајнери, шивачи, техничари и музичари стоеше зад сцената за сè што беше прикажано да биде совршено до најмалиот детаљ. Воопшто не е чудно што сè течеше како подмачкано. Настанот се подготвува скоро една година, а во него се вложени неверојатни 12 милиони долари, што е екстремно многу кога ќе се земе во предвид дека првото шоу на VS пред 11 години било создадено со буџет од 120.000 долари.

Насмевнатите и задоволни лица на публиката на крајот на шоуто беа повеќе од сигурен знак дека Victoria’s Secret повторно успеа да ги освои и маѓепса со своите ангели и ангелски креации.

Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS
Ревијата на VS Ревијата на VS Ревијата на VS Ревијата на VS

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.