Почетна » Убавина и мода » Мода » Модни трендови кај обувките – есен/зима 2012-2013

Модни трендови кај обувките – есен/зима 2012-2013

Студениот бран постепено пристигнува, носејќи ни дождливи и снежни денови, а воедно и актуализирајќи нови трендови. Најсилната модна порака која дизајнерите ни ја испраќаат за сезоната есен/зима е да избереме впечатливи обувки кои имаат моќ да го трансформираат изгледот.

Ултра високите потпетици прават простор за умерено високите штикли, висината на чизмите варира, боите стануваат побогати и помрачни, а деталите повпечатливи. Па, кои се моделите и стиловите на обувки со кои ќе чекорите со стил во ладните месеци?

Чизмички до глужд

Чизмичките со висина до глуждовите се попопуларни од кога било досега. Моделите со шпиц прават голем кам-бек, но не е задолжително да ги преферирате. Единствен критериум при изборот на чизми до глужд треба да ви биде нивната уникатност, изразена преку забележителни детали.

Обувки есен/зима 2012

Чизми во јавачки стил

Топли, комфорни и модерни – чизмите во јавачки стил ќе ви овозможат да летате низ влажните улици, без да се загрижувате дали сте си ги испрскале фармерките. Можете да ги комбинирате со супер тесни фармерки и сако или пелерина, но и со кратки фустани.

Обувки есен/зима 2012

„Мери Џејн“ со полна потпетица или дебела штикла

Чевлите тип „Мери Џејн“ константно добиваат нови и нови модификации. Моментално најпосакуваните „Мери Џејн“ имаат или полна потпетица или дебела штикла. Гледајте на нив како на одлична есенска замена за сандалите на платформа.

Обувки есен/зима 2012

Нитни, боцки, метални детали

Станете подрски во покажувањето на бунтовничкиот дух со обувки декорирани со нитни, боцки или други интересни метални детали. Тие се јасен сигнал дека не се плашите од ризично инкорпорирање на погруби елементи во женствениот изглед.

Обувки есен/зима 2012

Високи до колената

Не ги занемарувајте чизмите високи над колената, но ако купувате нови, ставете приоритет на моделите со висина до колената. Рамни или на штикла – изборот е ваш.

Обувки есен/зима 2012

Kапаче на прстите

Уште минатата сезона обувките со „капаче“ на прстите направија бум, па дизајнерите решија да не ги отфрлат толку брзо од своите колекции. Не е важно дали станува збор за балетанки или елегантни чевли на штикла, капачето е детаљ со кој вреди да експериментирате.

Обувки есен/зима 2012

Балеринки со нежен шпиц/Слипери

Не мора да сте подигнати неколку сантиметри од земјата за да изгледате шик. Одморете ги стапалата со балетанки или слипери. Иако речиси секој модел ќе ви подари модерен изглед, најактуелни се поукрасените балетанки и слипери кои внесуваат динамика во целосниот изглед.

Обувки есен/зима 2012

Полна потпетица + врвки

Ништо не ви гарантира сигурен чекор и издолжени нозе како чизмите на полна висока потпетица тип полумесечина. А, кога тој модел е во комбинација со врвки, знајте дека сте наишле на вистинските чизми за претстојните студени денови.

Обувки есен/зима 2012

Моторџиски чизми

Некои ќе речат дека моторџиските чизми изгледаат грубо и дека во нив нема ниту грам женственост. Но, искусните стилисти и модни блогерки знаат дека токму тој силен изглед на моторките е како пикантен зачин при креирањето на комбинации полни со стил.

Обувки есен/зима 2012

Патики со полна висока потпетица

За спортски, но шик изглед, дизајнерите имаат новитет кој започна да мами обожаватели уште минатата сезона – патики со висока полна потпетица тип полумесечина. Откако трендот проби во Холивуд, брзо се распространи и високите патики станаа едно од најинтересните модни парчиња за денешниот уличен стил.

Обувки есен/зима 2012

Класика: шпиц + тенка штикла

Не бегајте од шпицот, тој е буквално насекаде, а како што стојат работите, ќе остане доминантен и наредната година. Класичната силуета изградена од тенка штикла и елегантен шпиц ги освои дамите од Холивуд, па вреди и вие да ѝ дадете шанса.

Обувки есен/зима 2012

Што уште треба да знаете? Деталите од змиска кожа и ниските обувки во машки стил не ја изгубија популарноста. Нема да погрешите и доколку окото ви запре на чизми во вестерн стил.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.