Почетна » Убавина и мода » Мода » Најжешки нијанси и комбинации на бои за сезоната есен/зима 2012-2013

Најжешки нијанси и комбинации на бои за сезоната есен/зима 2012-2013

Збогувајте се со пастелните и дречливите нијанси. Во новата сезона есен/зима 2012-2013 преферирајте подраматичен и помистериозен изглед.

Нијанси инспирирани од фантазијата и илузијата беа опсесија на дизајнерите, кои создадоа неочекувана модерна палета, со цел на умен начин да ја манипулираат реалноста и да нè транспортираат на магично место, далеку од стресното секојдневие. Еве ги фаворитите:

Драматично бордо

Опијте ги вашите набљудувачи со нијансите на црното вино. Бордото неофицијално е „бојата на сезоната“.

Драматично бордо

Индиго сина

Индиго сината боја делува освежувачки секси – доволно е светла за да оставите силен впечаток, а доволно „затворена“ за да изгледате софистицирано и одмерено.

Индиго сина

Пурпурна

Мистериозната пурпурна боја е вистински рај за очите. Неколку сезони ги обојуваше усните, а сега убедливо се префрли и на облеката. Таинственоста која зрачи од неа ја прави одличен избор ако одлучите да експериментирате со готик стилот.

Пурпурна

Темнозелена

Богатата нијанса на зелената боја има смарагдна привлечност. Нејзиниот енергичен и ведар изглед ќе ни го топли срцето во студените денови.

Темнозелена

Изгорена портокалова

Оптимистичката црвено-портокалова ѝ го отстапи своето место на посериозната изгорена портокалова нијанса.

Изгорена портокалова

Длабока тиркизна

Љубовта кон тиркизната боја не згаснува, но студената сезона налага задлабочување на овој сино-зелен микс. Не ја прескокнувајте темната тиркизна боја, бидејќи таа има моќ да го збогати вашиот изглед и да му даде префинетост.

Длабока тиркизна

Светло розова

Минатата сезона стана јасно дека светлата розова боја не е веќе наменета само за девојчиња. Дизајнерите смело ѝ оставија простор да освојува со својата нежност и деликатност.

Светло розова

Каллива кафеава

Земјените бои без исклучок си ја зголемуваат популарноста секоја есен. Оваа сезона најактуелна е калливата кафеава нијанса.

Каллива кафеава

Титаниум сива

Студените денови не можат да поминат без малку сивило. Изгледот на титаниумот нека ви биде водич кон сивата нијанса која треба да ја претпочитате.

Титаниум сива

Хит комбинации на бои

Индиго сина со црна

Во минатото комбинацијата индиго сина со црна боја ќе ја најдевте меѓу најголемите модни грешки. Денес е актуелна, шик и топло препорачана од стилистите.

Индиго-црни комбинации

Црна со бела

Црно-белите комбинации беа особено застапени на модните писти, а се и вистински хит на црвениот тепих. Непогрешлив избор: бела кошула со украсени јаки + црна „кожена“ сукња со А-линија или „кожени“ панталони.

Црно-бели комбинации

Изборот на Pantone

„Заигрувајќи ја практичната страна на потрошувачите со променливи неутрални нијанси и зголемувајќи ја нивната самодоверба со храбри и енергични нијанси, оваа вешто балансирана палета има за секого по нешто“ – Леатрис Ајсмен, извршен директор на Pantone.

Pantone е една од најголемите компании за производство на бои, којашто е позната по својот систем за стандардизација на боите. Еве кои се нивните модерни предлози:

Актуелни бои според Pantone

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.