Почетна » Убавина и мода » Мода » 8 највпечатливи трендови кај чантите – есен/зима 2012

8 највпечатливи трендови кај чантите – есен/зима 2012

Имате чувство дека сте заборавиле нешто важно кога ќе излезете без чанта? Не сте единствени – чантата е модниот додаток којшто го комплетира секој аутфит. Дизајнерите добро го знаат тоа и секоја сезона внесуваат новини во формите, боите, текстурите и деталите на новите модели чанти.

Се прашувате што е актуелно сега? Различни стилови ги мамат модните зависнички, па не може да се издвои „It“ чанта која ќе ја одбележи студената сезона. Но, затоа пак се издвојуваат неколку трендови со кои ќе оставите силен впечаток.

Бордо чанти

Не смеете да ја игнорирате бојата на сезоната – мистериозната бордо. Моделот, големината и стилот речиси и не се важни, сè додека вашата чанта е обоена во бургундец црвена нијанса. Се стремите кон луксузен изглед? Лакираните бордо чанти и бургундец чантите со текстура која имитира крокодилска кожа нека бидат вашиот финален избор.

Чанти

Супер големи чанти

Големината е важна! Или барем кога станува збор за модерните чанти. За разлика од минатите сезони, кога чантите стануваа сè помали и помали, во наредните месеци нема да сме принудени да го намалуваме секојдневниот багаж за да ги собереме сите неопходни лични предмети во чантата. Големите обемни чанти се враќаат во игра, на огромно задоволство на многу дами.

Чанти

Чанти со див животински принт

Егзотичните животински принтови не ги напуштаат модните додатоци, но за студената сезона доаѓаат во помрачни нијанси – леопардски принт во темно зелена и бордо боја или змиски принт во тегет или виолетови нијанси...

Чанти

Колоритни крзнени чанти

Крзнените чанти нема да ве заштитат од студот, но затоа пак ќе ви подарат шик изглед. Вклучете го вашиот радар за да уловите чанти со колоритно вештачко крзно, крзнени акценти или крзно во „колор-блок“ стил.

Чанти

Мали тешки чантички

За посвечените прилики и вечерните излегувања, незаменливи се малите чантички. Раководете се од две мали правила: колку помали, толку подобро; колку повпечатливо украсени, толку поактуелни. Модерните чантички изгледаат како мали украсни кутии за накит.

Чанти

Минималистички големи „клач“/„плик“ чанти

Доколку не сте обожавателки на декорираните чанти, или пак, носите премногу шарена облека и сакате да ја балансирате со едноставни модни додатоци, изберете минималистичка чанта тип „клач“ или „плик“. Дизајнерите не забораваат дека елеганцијата се крие во едноставноста.

Чанти

Мали чанти со долго синџирче

Чантичките со долго синџирче најверојатно никогаш нема да го отстапат своето место во трендовите, што значи дека не треба да се плашите да инвестирате во ваков модел, карактеристичен за модната куќа Шанел.

Чанти

Ретро со горна рачка/Тип „докторски чанти“

Чантите со чисти силуети и ретро изглед ги освоија модните блогерки и стилистки. Докторската чанта и моделите со мала рачка поставена на врвот изгледаат дамски и елегантно, па затоа привлекуваат сè поголем број обожавателки.

Чанти

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.