Почетна » Убавина и мода » Мода » 10 нешта кои треба да ги има во вашата чанта за на плажа

10 нешта кои треба да ги има во вашата чанта за на плажа

Релаксирани насмевнати лица, убав тен, разладување од летните горештини, излежување по цел ден... сите ја сакаат плажата. Пред да се упатите самоуверено кон неа во вашиот нов костим за капење, не заборавајте со вас да понесете уште неколку неопходни работи за да имате при рака сè што ви е потребно, а плус и да останете убави и модерни.

Чанта за на плажаОчилата за сонце, кремот со заштитен фактор, крпата, шапката и добрата книга се задолжителни за на плажа.
  1. Очила за сонце. Не само што очилата ќе ви помогнат да останете модерни под силното сонце, туку и ќе ги заштитат очите од него. Изберете квалитетни очила кои имаат соодветна УВ заштита. Сончевите зраци се одбиваат од површината на водата и песокот и можат лесно да му наштетат на вашиот вид. Плус, ако изберете очила со темни стакла, ќе можете да набљудувате сè што се случува околу вас, без тоа да изгледа како да зјапате. Затоа, не ги заборавајте очилата.
  2. Крпа. Дефинитивно ќе ви биде потребна барем една крпа врз која ќе можете да легнете и да го добиете посакуваниот тен. Изберете крпа која одговара на вашиот костим за капење или пак е во контрастна боја. Во секој случај, крпата треба да биде интересна и да остава добар впечаток за вас, дури и кога вие се разладувате во водата и не сте блиску до неа.
  3. Списание или добра книга. Пред да се упатите кон плажата, купете од најблиската трафика светски познато списание кое ќе ви помогне уште повеќе да се релаксирате и да останете во тек со модните трендови. Освен списание, летниот одмор е идеално време за да ја прочитате онаа книга што сте ја поттурнувале цела година, а која ве мамела со својата корица. Изберете лесен и забавен материјал за читање.
  4. Крем со заштитен фактор. Никако не смеете да легнете под сонцето без соодветна заштита за вашата кожа. Денес има голем избор на креми со заштитен фактор (SPF). Колку висок да биде тој, зависи од вашиот природен тен. Ако имате светол тен и вашата кожа е склона кон појава на пеги или бенки, не ризикувајте и заштитете се со крем со висок фактор. Дополнително количество ставете врз појавените бенки. Доколку имате темен тен, можете да користите крем со понизок фактор. Лицето треба секогаш да биде заштитено со повисок фактор.
  5. Балсам за усни со заштитен фактор. Сигурно не сакате вашите усни да изгледаат испукани и суви. Заборавете на шминката и потпрете се на природниот изглед. Добриот балсам за усни со заштитен фактор (SPF) не само што ќе ги заштити од УВ-зраците, туку и ќе им даде привлечен блесок на вашите усни.
  6. Спреј за тело наместо парфем. Парфемот не е за на плажа. Прво – може да предизвика алергиска реакција на кожата, а второ – ако го чувате во чантата, лесно испарува и може да се промени неговата арома. За да мирисате убаво, земете си спреј за тело со свежа арома.
  7. Туника или кратко фустанче. Изберете го вашето најубаво летно кратко фустанче или пак туника и ставете го вашата чанта. Така ем ќе ви остане повеќе место во чантата, ем ќе имате модерно парче облека со кое ќе можете да покриете дел од вашето тело кога ќе седнете на коктел во блискиот бар или пак кога ќе решите да се прошетате наоколу.
  8. Антибактериски влажни марамчиња. Во секоја женска чанта, било да е за на плажа или пак за секојдневна употреба, треба да има антибактериски влажни марамчиња. Тие ќе ве спасат кога немате пристап до чиста вода за миење, ако се извалкате со сладолед или пак ако сакате да се освежите. Дополнително: интимни влажни марамчиња. Хигиената во WC-ата на нашите плажи воопшто не е на високо ниво, па женските секогаш би имале корист од еден ваков продукт.
  9. Мини паричник. Не можете да одите на плажа со голем паричник во кој ви се наоѓаат сите документи, сликите од најблиските, кредитните картички и парите, кога знаете дека е многу лесно да го изгубите или пак некој да ви го украде. Земете цветен мини паричник во светли бои, за лесно да можете да го најдете во чантата. Во него ставете само малку пари.
  10. Капа или шешир. Широките сламени шешири се создадени за заштита од сонцето, па не е лоша идеја да понесете еден со вас. Шеширот ќе ве направи модерни, ќе ве заштити од пеги и брчки на лицето, а и ќе го надополни вашиот целосен изглед со многу стил и женственост.

Можете со себе да понесете и некои реквизити за игри на плажа (топка, карти), а и вашиот мобилен телефон. Задолжително треба да имате на дофат и шишенце со вода. Летното сонце лесно може да ве дехидрира, па редовно разладувајте се.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.