Негрони

Коктелот негрони е одличен аперитив за пред вечерата. Неговиот богат вкус ќе ви го отвори апетитот за со сласт да го консумирате последниот оброк во денот, а неговиот изглед на полиран рубин ќе ви го привлече погледот како со магнет.

НегрониКоктелот негрони

Потекло

Негрони се смета за италијански коктел кој води потекло од почетокот на 20-тиот век. Во 1919 година во Фиренца, грофот Камило Негрони побарал од шанкерот да му засили омилениот коктел – американо, така што во него наместо газирана вода да додаде џин.

Шанкерот го украсил коктелот со парче портокал наместо со традиционалниот лимон, за да означи дека се работи за нов коктел. Така бил создаден коктелот негрони.

Состојки

30mlџин
30mlвермут
30mlКампари
парче портокал

Подготовка

  1. Во шејкер ставете неколку коцки мраз и додајте ги џинот, вермутот и Кампарито. Промешајте 10 секунди.
  2. Во претходно разладена чаша прецедете ја течноста од шејкерот. Чашата може да биде или ниска и широка или чаша за мартини.
  3. Ставете во коктелот тенко парче портокал и послужете веднаш.

Варијации

  • Американо – газирана вода наместо џин.
  • Негроски – вотка наместо џин.
  • Негрони збаљато (погрешно негрони) – газирано вино наместо џин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.