Почетна » Рецепти » Намирници » Киноа – „златно зрно“ за одлично здравје

Киноа – „златно зрно“ за одлично здравје

Киноата е суперхрана која заслужува да добие почесно место во кујната. Одгледувана повеќе од пет века на Андите и нарекувана „златото на Инките“, киноата во последниве неколку години рапидно си ја зголемува популарноста меѓу приврзаниците на здравата исхрана, на кои им се важни нутритивните вредности на консумираната храна.

Оваа „псевдожитарка“ присуствува на сѐ повеќе трпези, бидејќи се подготвува многу брзо и лесно се комбинира со најразлични јадења. Најчесто служи како замена за ориз и тестенини.

Киноа

Здравствени придобивки од киноата

Киноата го снабдува човековиот организам со многу повеќе антиоксиданси од која било друга житарка користена во безглутенските диети и носи многу здравствени придобивки.

Консумирањето на киноа може да го намали ризикот од појава на:

Што содржи киноата?

Киноата е богат извор на:

  • Протеини. Веганите и вегетаријанците се заљубуваат во киноата поради високиот процент на протеини. Анализите покажале дека киноата е „комплетен протеин“ кој ги содржи сите есенцијални аминокиселини.
  • Растителни влакна. Во киноата има речиси двојно повеќе растителни влакна од останатата зрнеста храна. Тоа значи дека може да помогне при опстипација (запек), да го намали ризикот од појава на хемороиди, како и да биде сојузник во слабеењето.
  • Минерали, особено на магнезиум. Во една шолја неварена киноа има дури 83% од препорачаните дневни дози на магнезиум.
  • Железо. Во една шолја неварена киноа има 43% од препорачаните дневни дози на железо.
  • Рибофлавин (B2). Рибофлавинот, како и магнезиумот, може да помогне во превенцијата и намалувањето на главоболката при мигрена.

Киноата не содржи глутен и лесно се вари во организмот. Сѐ повеќе луѓе се обидуваат да го исфрлат глутенот од исхраната, па киноата одлично се вклопува во безглутенската диета.

Подготовка на киноа

Киноа

Киноата нараснува во процесот на готвење, па имајте на ум дека од 1 шолја сирова киноа ќе добиете околу 3 шолји приготвена киноа.

Пред да започнете со варење на киноата, се препорачува да ја измиете во цедилка и притоа да ја триете со дланките. Пробајте неколку зрна и ако има горчлив вкус, продолжете со миење.

Киноата се вари во вода. За варење на една шолја киноа се доволни две шолји вода. Најдобро е прво да ја зовриете водата, а потоа да ја додадете киноата. Варете на ниска температура 15-20 минути.

Консумирајте ја киноата во комбинација со зеленчуци или овошни плодови или додајте ја во супи и салати. Бидете креативни, бидејќи вкусот на киноата дозволува бескрајно кулинарско експериментирање.

Дефинитивно вреди да ѝ дадете шанса на киноата да ви ја збогати трпезата и да ви го подобри животот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.